fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин: Турција ќе зажали за уривањето на рускиот авион

Турција ќе зажали поради соборувањето на рускиот бомбардер во близина на сириско-турската граница, изјави рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Москва нема да го игнорира фактот дека Анкара им „помага на терористи“. Во годишниот говор за состојбата во земјата, Путин рече дека „не треба да се применуваат двојни стандарди во борбата против тероризмот“ или да се користат терористички групи...

Продолжуваат дипломатските тензии меѓу Русија и Турција

Дипломатските несогласувања меѓу Русија и Турција продолжуваат поради соборувањето на рускиот авион. И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека претседателот Владимир Путин нема да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот за климатските промени, сè додека Турција не се извини за уривањето на рускиот авион. Истовремено во Брисел,...

Телото на рускиот пилот префрлено во Турција и наскоро ќе биде транспортирано во Москва

Телото на рускиот пилот кој беше убиен по соборувањето на авионот-бомбардер од типот „су-24“ во вторникот на турско-сириската граница, пристигнало во Турција и наскоро треба да биде пренесено во Русија, изјавил денеска на прес-конференција турскиот премиер, Ахмед Давутоглу, јавува „Раша тудеј“. Тој изјавил дека со телото на пилотот се постапува во согласност со традициите на православното христијанство. Пренесувањето на телото за...

Путин го потпиша декретот за воведување економски санкции кон Турција

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потпишал декретот за воведување економски санкции кон Турција, како одговор на соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми. Како што синоќа објавил Кремљ, санкциите предвидуваат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски фирми, извоз на одредена стока, без да биде прецизирано каква. Исто така, на одредени турски фирми ќе...

Турција со дипломатијата сака да ја надмине тензијата со Русија

Турција сака со дипломатија да ја надмине тензијата со Русија, настаната поради соборувањето на рускиот авион, соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. - Не сме за тензија. Веруваме дека со дипломатија можеме да го надминеме овој проблем. Го очекуваме истото разбирање и од нашиот пријател и сосед Русија – рече Чавушоглу и ја повика официјална Москва...

Путин: Уривањето на авионот е „нож во грб“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека соборувањето на рускиот авион е „нож во грб“ кој го извршиле сојузниците на терористите, додавајќи дека тоа ќе има сериозни последици врз односите меѓу Москва и Анкара. Говорејќи во Сочи, во пресрет со јорданскиот крал Абдулах, Путин рече дека авионот кој е соборен, а за кој Турција тврди дека упорно го предупредувале...

Путин и Обама се согласија за прекин на војната во Сирија

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама, се согласиле дека денеска треба да се прекине војната во Сирија и дека Обединетите нации треба да посредуваат меѓу завојуваните страни. За време на 35-минутниот разговор на маргините на самитот Г20, Обама и Путин разговарале за напорите за пронаоѓање решение за судирите во Сирија. Двајцата претседатели оцениле дека терористичките напади во Париз само...

Обама и Путин разговараа во Турција

Американскиот претседател, Барак Обама, и рускиот претседател, Владимир Путин, одржаа неформални разговори на маргините на самитот на Г20 во Анталија, Турција. Нападите во Париз, во кои беа убиени 129 луѓе, се на врвот на агендата на самитот. Засега не се соопштуваат детали за разговорот. Работната вечера и контактите помеѓу учесниците на самитот Г20 се одвиваат зад затворени врати.

Путин: Гасоводот „Турски тек“ не губи од својата динамика

„Турски тек“ не губи од својата динамика, проектот одговара на интересите на Русија и на Турција, но треба внимателно да биде разгледан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Интерфакс“. Путин истакна дека Русија и Турција имаат многу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, кои заеднички треба да ги решат. Тој посочи дека врз темпото на преговорите влијаела политичката ситуација,...

Русија не е во трката за вооружување

Русија не се трка со никого во однос на вооружувањето, туку врши модернизација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. - Русија нема намера никого да престигне, туку само мора да го дополни пропуштеното во 90-тите години на минатиот век, кога, поради лошата финансиска ситуација, први на удар се нашле вложувањата во армијата - рече Путин, додавајќи дека официјална Москва работи на ракетниот...

Путин: Авионската несреќа е голема трагедија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека авионската несреќа во која загинаа 224 лица е голема трагедија. - Би сакал уште еднаш да изразам сочувство на семејствата и на роднините на жртвите. Тоа е голема трагедија. Ние со нашите срца и души сме со вас – рече Путин на состанокот со рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, кој е на чело...

Путин повикува на формирање глобална коалиција против корупцијата

Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата, оцени рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа е еден од најголемите глобални проблеми. „Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството“, рече Путин, во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј...

Клапар: Путин импровизира во Сирија

Владимир Путин и Русија секојдневно импровизираат при воените операции во Сирија што почнаа на крајот на септември, изјави директорот на американското разузнавање, Џејмс Клапар, за „Си-Ен-Ен“. – Се прашувам дали тој има долгорочна стратегија или дејствува ден за ден - изјави Клапар, додавајќи дека Путин е „многу импулсивен и непринципиелен“ и оти е главниот сојузник на сирискиот лидер Башар ал-Асад. Официјална Москва почна воздушна кампања...

Путин: Да се зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот

Русија смета дека е неопходно да е зголеми улогата на Обединетите нации во борбата против тероризмот, наведе денеска рускиот претседател, Владимир Путин. - Сметаме дека е неопходно да се продолжи со зајакнување на централната и координативната улога на Обединетите нации во светските проблеми и, пред сè, во борбата против тероризмот како главна глобална закана и во обезбедување одржлив развој и...

Путин ги повика курдските сили да формираат сојуз со Сирија и со Ирак против ИД

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ги повика курдските сили да формираат коалиција со владите на Сирија и на Ирак во борбата против Исламска држава, пренесува „Би-Би-Си“. Зборувајќи на состанок во Сочи, Путин, исто така, рекол дека Русија е многу блиску да почне со размена на податоци со Западот за позициите на милитантите во Сирија. Тој додал дека терористичката закана претставува можност...

Путин: Русија ќе вложи две милијарди долари во Аргентина

Обемот на руски инвестиции во изградба на хидроелектрани во Аргентина, ќе достигне околу две милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со аргентинската претседателка, Кристина Киршнер. - Вниманието ќе го посветиме на зголемување на трговско-економската соработка. Реализацијата на овие големи заеднички проекти во областите како што се хидроенергетика, нуклеарна енергија, производство на нафта и на гас, се...

Путин со рекорден рејтинг во Русија

Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордни 90 отсто, по одлуката за воен ангажман во Сирија. Според резултатите од истражувањето на јавното мислење, кое го спроведе агенцијата ВЦИОМ, рејтингот на Путин меѓу руските граѓани во октомври изнесува 89,9 отсто. Рејтингот во јуни изнесувал 89,1 отсто, додека во 2012 година изнесуваше 58,8 отсто. Невладиниот центар „Левада“, во анкетата спроведена во август,...

Асад во ненадејна посета на Русија

Сирискиот претседател Башар ал Асад се сретна со рускиот претседател Владимир Путин за време на својата ненајавена посета на Москва, јавува „Би-Би-Си“. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека синоќа „господин Асад дошол во работна посета на Москва“ и оти разговарал со Путин. Русија на крајот на минатиот месец почна воздушни напади врз екстремистичката организација Исламска држава и другите милитанти...

Путин: Централна Азија е цел на екстремистите од Авганистан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на лидерите на државите од Централна Азија им порача дека постои можност да се соочат со екстремисти од Авганистан. Путин во Казахстан, на самитот на лидери на поранешни советски републики, оцени дека ситуацијата во Авганистан се „приближува до критична“. - Терористи од сите видови не ги кријат своите планови за експанзија. Една од нивните цели е...

Хилари Клинтон за поцврст став кон Путин

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека „од лидерска позиција би презела многу повеќе чекори“ и оти би имала потврд став против рускиот претседател Владимир Путин во поглед на Сирија. За време на претседателската дебата на Демократската партија во Лас Вегас, за сè поголемото учество на Русија во сириската граѓанска војна, Клинтон рече дека би зазела поцврста линија против Путин. -...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...