fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се испречија...

Антиваксерска објава шири дезинформации против ДиТеПер вакцината

Фото: Pixabay/qimono
Во објавата што ја рецензираме се изнесуваат невистини дека нивоата на алуминиум во ДиТеПер вакцините биле толку високи што предизвикувале низа болести, што не е вистина зашто алуминиумот е присутен како адјувант во вакцините со децении наназад во многу ниски дози кои не предизвикуваат никакви болести. Во земјава со прогласувањето на епидемијата, градинките имаат право да не примаат невакцинирани...

Нашите политичари со безгрешни души

За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, културно и цивилизирано однесување,...

Немало план да се набават ковид вакцини од „диви фармацевтски компании“

Во објавата се изнесуваат невистини, меѓу кои и таа дека има обвинети за случајот Онкологија. Во овој предмет што е во фаза на истрага, нема обвинети, туку има петмина осомничени, меѓу кои не е ексминистерот за здравство Венко Филипче. Исто така, немало план вакцините да се набават од „диви фармацевтски компании“, туку се набавени преку повеќе механизми, меѓу кои...

„Смрди“ кога стратешки инвестиции од 800 милиони евра се носат по скратена постапка

Јавноста се најде затечена од расправата што се води деновиве за законите за четири стратешки инвестиции во енергетиката во вредност од околу 800 милиони евра не по нејзина вина, туку по вина на Владата. Намерите за инвестициите се искажани од страна на Владата уште во 2021 и во 2022 г. и тие намери биле реализирани преку јавен повик и...

Сорос пред 30 години не го повикал НАТО да води војна со Русија

Џорџ Сорос не пишувал за потребата од поразување на Русите, ниту за жртвување на Источно-европејците за да се стори тоа. Напротив, тој во својот есеј се залага за економска поддршка за постсоветските републики, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека милијардерот Џорџ Сорос во документ кој го напишал во 1993 година, препорачал НАТО да...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

Контраспин: Граѓаните не очекуваат антикорупција за сметка на човекови права

Извртувањето на вистината е во тоа што Викторија Аврамовска-Мадиќ не нуди ниту еден аргумент дека токму со овие измени борбата против корупција ќе биде побрза и поуспешна, како и дека граѓаните стоеле зад ова зашто тие тоа го очекуваат од власта, дотолку повеќе што самиот предлог закон беше повлечен од Собранието и вратен на доработка во Министерството за правда,...

Дипфејк видео од Зеленски како танцува се шири на социјалните мрежи во соседството

Од почетокот на годината кружи ново дип фејк (deep fake) видео од Зеленски како танцува во црвена носија. На социјалните медиуми Фејсбук и Тик-Ток се споделува видеото од претседателот на Украина, но тоа, всушност, е манипулирано видео од 2020 година, на кое е прикажан руски танчер на некаква прослава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот...

Не е точно дека ЕУ ги уништува селата и земјоделците

ЕУ се обидува да се справи со предизвиците што ги имаат земјоделците, а кои се однесуваат на повисоки цени за производство, ниска цена на откупот, како и проблемот со евтиниот увоз од странски држави. Добар дел од проблемите на земјоделците поради коишто тие протестираат ширум Европа се и поради воената инвазија на Русија врз Украина. ЕУ нема намера да...

Таравари и Мицкоски не се сретнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари

ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во партиското седиште. Телевизијата Клан испрати соопштение дека не е точна првично објавената информација од нивната телевизија, дека автомобилот на Таравари бил снимен во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Арбен Таравари на...

Аудиото од посетата на Талат Џафери во Форино е додадено и е од спортски натпревар

На видеото од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино, снимен е видео материјал, кој содржи аудио со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Но, овие извици не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени, односно монтирани. Ваквиот видео материјал е манипулативен затоа што создава впечаток како техничкиот премиер да бил дочекан со овие...

Гани Марку, осомничен за убиствата на Жила и Оки, не е на слобода, туку во ефективен притвор

Не е вистина дека лицето Гани Марку осомничено за убиства е пуштено на слобода, туку се наоѓа во ефективен притвор. Документот во објавата е за постар предмет после кој поминале 6 месеци, ама веднаш е определен нов притвор е определен за понов предмет, така што Марку е во ефективен притвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Приведувањата на Онкологија немаат никаква врска со новиот министер за внатрешни работи

При претресите и приведувањата на Клиниката за онкологија, полицијата постапувала по наредба на јавен обвинител, а не по наредба на министерот за внатрешни работи. Впрочем и самиот министер Тошковски во изјава за Сител рече дека МВР постапувало по наредба на Основното јавно обвинителство и дека надлежноста за целиот процес е на ОЈО, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Од Алјаска преку Путин и Москва до Балканот и на крај кај нас

Објави на фејсбук шират дезинформација дека со новиот декрет на Путин, Алјаска, Балтичките држави, Тибет и други територии што историски ѝ припаѓале на СССР и Империјална Русија ќе бидат преземени назад. Лажната вест тргнува од ЕССАњуз (Полска), па се шири на Балканот и на крај пристигнува во Македонија. Точно е дека на 18.01.2024 година Путин потпишал декрет за управување...

Контраспин: Спорот помеѓу Словенија и Хрватска нема врска со проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја извртува вистината т.е. спинува кога вели дека неговата партија може да понуди европски модел за решение на проблемите помеѓу Скопје и Софија по примерот на спорот помеѓу Словенија и Хрватска, кој бил разрешен со помош на Брисел. Едниот тип проблеми, оние помеѓу Скопје и Софија воопшто немаат допирни точки со другиот тип проблеми...

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни вработени на Клиниката за...

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за поврзаноста на елитите во Киев со нацизмот, што директно ги пласираа и Путин и Медведев....

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид...

СЗО не го забранило земјоделството ширум светот

Во објавата невистинито се тврди дека Светската здравствена организација под превезот на глобалното затоплување ќе забрани земјоделие, месо и млечни производи за да се изгладнуваат луѓето и да се намали светската популација, Но, кога ќе се прочита декларацијата која ја имаат потпишано повеќе од 130 држави, меѓу кои и Северна Македонија, се доаѓа до заклучокот дека тоа кон што...