Таг: студенти

таг: студенти

Онлајн наставата предизвик за студентите на Факултетот за ликовни уметности

Фото: ФЛУ
Поради ковид-19 пандемијата, со вонредните услови се затворија училиштата, но и сите факултети. Наставата која се одвива од дома преку електронски пат, професорите и студентите ги стави во ситуација во која се приморани да се прилагодат на новиот начин на кој се одвива образовниот процес. Овој предизвик се чини дека најмногу ги погоди оние кои студираат на факултетите, каде...

МОН: Дипломите ќе имаат важност како државна матура и ќе важат и во странство

Пред само неколку дена, министерот за образование Арбер Адеми ги соопшти новите сет образовни мерки за непречено функционирање на воспитно-образовниот систем, меѓу кои и онаа со која се укинува државната матура. Ова ја отвори дилемата, што е со студентите кои сакаат да се запишат на факултети за кои услов за упис е положена државна матура. Од Министерството за образование и...

Ефтимов: Студентите, професорите и факултетите не се подготвени за онлајн испитна сесија

Се чини дека пандемијата со корона вирусот не ја забави академската година, но сепак го усложни процесот на студирање. Дневните соби ги заменија предавалните и амфитеатрите, а присуството сега се евидентира преку онлајн видео повици. Студентскиот лидер, Борјан Ефтимов дециден е дека овој начин на настава не може да биде целосна замена за редовните предавања бидејќи дел од факултетите...

Николовски: Целосна дезинфекција на студентските домови за две недели

Поради мерките за спречување и ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука со која на 11 март се затворија студентските домови. Тие во моментов се празни, иако имаше најава дека е можно да се користат како простор за карантин. Директорот на Студентскиот центар - Скопје, Дарио Николовски, вели дека домовите се спремни доколку треба повторно да се отворат оваа година....

МНР: Со хуманитарен конвој успешно се вратени 102 македонски студенти од Турција

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека 102 студенти од нашата земја кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјава. „Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница“,...

На 13 мај ќе падне одлука дали ќе се одржи Work and Travel програмата

Идниот месец, на 13 мај е закажана средба на американските спонзорски агенции со одделот за програмите за размена на Стејт Департментот. На средбата ќе се одлучи дали ова лето програмата Work and travel ќе се одржи и под кои услови или ќе се откаже, информираат од студентскиот медиум „Авангарда“ при Универзитетското студентско собрание на УКИМ. „Доколку се донесе одлука програмата...

Универзитетско студентско собрание бара еднократна социјална стипендија за сите финансиски загрозени студенти

Универзитетското студентско собрание при УКИМ побара воведување на еднократна социјална стипендија во износ од 6.000 денари за сите студенти засегнати од финансиската криза. На денешната прес-конференција исто така беше побарано и доделување на електронски уреди за оние студенти на кои им се потребни поради следење на онлајн наставата. Претседателот на Универзитетското студентско собрание Борјан Ефтимов истакна дека овие мерки ќе им...

Креативен студентски предизвик на тема „Мојата оптимистичка порака“

Европската куќа во Скопје (Europe House Skopje) огранизира креативен студентски предизвик насловен „Мојата оптимистична порака“. Во соработка со „Creative Talks“ тие ги повикуваат студентите од универзитетите во земјава и оние што се на академиите на „Brainster“ да се вклучат во креативниот предизвик, подржан од Делегацијата на Европската Унија. Оние што сакаат да учествуваат потребно е да изработат креативно дело (дизајн, фотографија,...

Европското движење ги повикува студентите да учествуваат во конкурс, квиз и дебата

По повод одбележување на 9 мај, денот на Европа, Европско движење во Република Северна Македонија го става акцентот на младите, така што организира настани и активности за студентите. Оттаму објавија конкурс за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Секој студент може да испрати само една фотографија која е направена во некој од европските градови и на истата треба да...

„Интерлингуа“ организира бесплатни курсеви по албански јазик за студенти

Центарот за странски јазици „Интерлингуа“ од 4 мај ќе организира бесплатни онлајн курсеви по албански јазик за почетници. Проектот за овие активности на тема манифестација за младите е подржан од Град Скопје, објавија од Центарот. Право на запишување имаат само студенти, кои прво ќе треба да пополнат формулари. Пријавувањето ќе трае од 25 до 30 април 2020 година.

Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11 дена од март

Сите студенти кои користат легло во студентските домови во Скопје, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ нема да плаќаат партиципација за сместувањето и исхраната во домовите за месец март 2020 година. Оваа одлука ја донесе управниот одбор на Државниот студентски центар „Скопје“ и се однесува на периодот од 1 до 11 март, кога стапи и одлуката на Влада...

Студентите погодени од корона кризата, бараат мерки за финансиска поддршка

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ бара формирање на консултативно тело за преземање на економски мерки за финансиска поддршка на студентите кои се погодени од актуелната епидемија со корона вирусот во земјава. Тие сметаат дека состојбата е сериозна и предлагаат првиот состанок да се одржи што е можно побрзо, веќе следната недела во периодот од 21 до...

Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи, информираше директорот на Државниот студентски дом - Скопје, Дарио Николовски. Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13...

Јапонски универзитет одржа виртуелна дипломска церемонија

Поради глобалните мерки за ограничено движење за превенција од ширењето на корона вирусот, студенти во Токио не присуствуваа на традиционална церемонија за дипломирањето. Сепак, тие имаа можност да ги „добијат“ дипломите на поинаков, но иновативен начин. Во хотелот „Гранд Палас“ во Токио, се одржа церемонија која беше делумно вирутелна, со физичко присуство на четири студенти и неколку администратори. Преку „Newme“...

Факултетите ќе ги доставуваат потврдите за студенти до ФЗО

Од Универизтетското студентско собрание на УКИМ соопштуваат дека обврската за регулирање со потврдите за редовен студенти ќе ја преземат факулттетите. Тие во моментов ги доставуваат податоците за запишани студенти до Фондот за здравствено осигурување. „Ова значи дека студентите нема потреба да земаат потврди од факултетот и да ги носат до Фондот за да го продолжат своето здравствено осигурување“ - се...

Преку подкастот „Јустинијан збори“ студентите ќе дебатираат за важни прашања

Студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги започнаа своите активности со првиот подкаст „Јустинијан збори“. Посочуваат дека ваков подкаст освен на Правниот, треба да има и на останатите факултети. „Со овој подкаст сакаме да имаме едно наше место, еден вид на платформа каде наши другар/ки, студент/ки професор/ки и други релевантни субјекти ќе можат отворено да разговараат за своите...

УСС: Со онлајн полагањето ќе има манипулации со испитите

„Доколку пристапиме кон онлајн проверка на знаењето, наставните кадри нема да имаат никаква контрола врз условите за спроведување на испитот, нема да постои никаков механизам кој ќе обезбеди целосен надзор врз начинот на полагање и ќе се овозможат манипулации со испитите. Ваквиот начин на проверка на знаењето дополнително ќе го срози и така разнишаното образование во државава“ – велат...

УСС-УКИМ нуди бесплатен правен совет за студентите кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања и имаат потреба од бесплатен правен совет да се исконтактираат преку електронска пошта на [email protected]. „Во мејлот оставете ни информации за агенцијата со која треба да патувате, датумот на поаѓање, времетраењето на екскурзијата и ваш контакт телефон. Во меѓувреме,...

60-тина студенти ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика – RoboMac 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денес почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020. Оваа година, студенти од Македонија, Србија и Грција, во наредните пет дена, ќе ги измерат своите сили во знаењата за роботиката и вештачката интелигенција. За продеканката на ФЕИТ, професор д-р Соња Геговска Зајкова во наредните неколку дена ФЕИТ ќе биде место...

Домот „Гоце Делчев“ оди и на Booking.com, цената ќе биде 400 денари за ноќевање

Мини кујна, нови кревети и душеци, нови плакари, нови прозорци и врати, опремени заеднички простории за одмор. Сето ова го има во сите четири згради-блокови кои го сочинуваат студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден по катастрофалниот земјотрес, а пуштен во употреба пред точно половина век, во 1970 година. Во меѓувреме, никогаш од изградбата не беа направени потемелни реконструкции на објектите...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...