Креативен студентски предизвик на тема „Мојата оптимистичка порака“

Европската куќа во Скопје (Europe House Skopje) огранизира креативен студентски предизвик насловен „Мојата оптимистична порака“.

Во соработка со „Creative Talks“ тие ги повикуваат студентите од универзитетите во земјава и оние што се на академиите на „Brainster“ да се вклучат во креативниот предизвик, подржан од Делегацијата на Европската Унија.

Оние што сакаат да учествуваат потребно е да изработат креативно дело (дизајн, фотографија, песна, видео) на тема „Мојата оптимистична порака“ како форма на позитивна инспирација во борбата против COVID-19.

Условите кои треба да се исполнуваат е делото да е авторско и да не е постаро од денот на објавувањето на повикот 20.4.2020 година, a треба да го испратат на [email protected]

Жирито со претставници од Europe House Skopje, Creative Talks и Академијата за дизајн на „Brainster“ ќе направи потесен избор oд 20 дела, од кои потоа со гласање на публиката ќе бидат одбрани најдобрите.

За најдобрите тројца следуваат парични надоместоци во бруто износ:
1 место: 350 евра
2 место: 200 евра
3 место: 150 евра

За дваесетте финалисти ќе биде организирана изложба во просториите на Europe House Skopje по завршувањето на рестрикциите поради COVID-19. Тројцата добитници ќе бидат објавени на Фејсбук профилот на Europe House Skopje на 01.06.2020.

Пријавувањето трае од 20.04.2020 до 15.05.2020.