УСС-УКИМ нуди бесплатен правен совет за студентите кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања и имаат потреба од бесплатен правен совет да се исконтактираат преку електронска пошта на [email protected].

„Во мејлот оставете ни информации за агенцијата со која треба да патувате, датумот на поаѓање, времетраењето на екскурзијата и ваш контакт телефон. Во меѓувреме, мијте ги рацете и социјалните контакти сведете ги на минимум,“ апелираат од УСС-УКИМ на нивната фејсбук-страница.