fbpx

МНР: Со хуманитарен конвој успешно се вратени 102 македонски студенти од Турција

-

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека 102 студенти од нашата земја кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјава.

„Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница“, се вели во соопштението на МНР.

Студентите со организираниот превоз со четири автобуси во понатамошната репатријација пристигнаа во Македонија, идентично како што беше и случај со евакуираните наши работници од Нигерија преку Турција. Посебна заложба имаше македонската влада, а во случајот со студентите, придонесе и ангажманот на заменикот министер за труд и социјална политика на нашата влада.

Од МНР соопштуваат дека ова е седми организирано спроведен хуманитарен конвој и трет од Турција, по започнувањето на процесот на репатријација на нашите државјани кои беа затекнати во странство поради пандемијата на корона вирусот. Вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3.870.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...