Европското движење ги повикува студентите да учествуваат во конкурс, квиз и дебата

По повод одбележување на 9 мај, денот на Европа, Европско движење во Република Северна Македонија го става акцентот на младите, така што организира настани и активности за студентите.

Оттаму објавија конкурс за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Секој студент може да испрати само една фотографија која е направена во некој од европските градови и на истата треба да го има самиот студент. Фотографиите подоцна ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Европското движење и трите фотографии кои ќе добијат најголем број лајкови ќе бидат наградени. Вкупниот награден фонд изнесува 250 евра.

Фотографиите треба да бидат доставени на е-маил адресата [email protected] најдоцна до 25 април 2020 година.

Од Европското движење организираат и онлајн дебата на тема „Искуствата од Еразмус плус размените“. Целта на оваа дебата е студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од размената во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите размени. Дебатата ќе се одржи на 5 мај во 12 часот, преку web платформата ZOOM.

Пријавувањето е на е-маил адресата [email protected] најдоцна до 25 април 2020 година.

За 9 мај предвидено е да се одржи квиз со почеток од 14.00 часот. Истиот ќе се состои од 30 општи прашања за Европската Унија, за државите – членки, како и за процесот на пристапување на нашата држава кон Унијата. Секој универзитет има право да пријави еден студент/ка кој би го претставувал универзитетот. Квизот ќе се реализира преку платформата Kahoot и ќе биде пренесуван во живо на социјалните мрежи. Најдобрите три натпреварувач(к)и ќе бидат наградени од страна на Европското движење во Република Северна Македонија. Вкупниот награден фонд е 350 евра.

Пријавувањето е најдоцна до 24 април, на меил адресата [email protected]. Во пријавата треба да бидат напишани име и презиме, факултет и година на студии и меил за контакт.