Факултетите ќе ги доставуваат потврдите за студенти до ФЗО

Од Универизтетското студентско собрание на УКИМ соопштуваат дека обврската за регулирање со потврдите за редовен студенти ќе ја преземат факулттетите. Тие во моментов ги доставуваат податоците за запишани студенти до Фондот за здравствено осигурување.

„Ова значи дека студентите нема потреба да земаат потврди од факултетот и да ги носат до Фондот за да го продолжат своето здравствено осигурување“ – се вели во соопштението.

Со ова студентите се ослободуваат од една дополнителна, а нужна обврска. Оваа пракса ќе продолжи и во иднина, велат од УСС.