Центарот за странски јазици „Интерлингуа“ од 4 мај ќе организира бесплатни онлајн курсеви по албански јазик за почетници. Проектот за овие активности на тема манифестација за младите е подржан од Град Скопје, објавија од Центарот.
Право на запишување имаат само студенти, кои прво ќе треба да пополнат формулари. Пријавувањето ќе трае од 25 до 30 април 2020 година.