fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Хрватска не докажа дека Југословенската народна армија извршила геноцид над хрватското население на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година. Судот, исто така, пресуди дека и Србија не успеала да докаже дека бил извршен геноцид над српските цивили во Хрватска. Пресудата ја прочита претседателот на судот, Петер Томка. Спорот почна кога Хрватска, на...

Македонците од Србија со хуманитарна акција по повод роденденот на Тоше

Форумот на млади Македонци во Србија, по повод роденденот на големата македонската и балканска ѕвезда Тоше Проески, традиционално, на 24 и на 25 јануари, ќе организира хуманитарни активности. Оваа година средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Националното здружение на родители на деца заболени од рак – НУРДОР во Белград. В сабота, на 24 јануари, на Студентски трг во...

Вучиќ: На Србија ѝ претстои многу сериозна и светла иднина

На мојата земја ѝ претстои многу сериозна и светла иднина, а резултатите ќе се видат во мај 2016 година, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој вели дека ниту еден експерт од земјата и од странство не е против владините мерки и дека сите во Европа и во светот зборуваат оти Србија е на вистинскиот пат.  

Се судрија македонско и буграско возило во Србија, еден загинат

Едно лице загина, а седуммина се повредени кога македонско и бугарско возило имале тешка сообраќајна несреќа, која се случила вчеравечер околу три часот изутрина, во Србија на Ибарската магистрала, на влезот кај Железник. Во судирот, кој се случил помеѓу „голф“ со македонски регистарски таблички и „фиат“ со бугарски регистарски таблички, загина 45-годишниот бугарски државјанин, а повредено е и четиригодишно девојче. Потешко...

Потпишан договор за железничката пруга Атина-Будимпешта

Премиерите на Македонија, Србија, Унарија и на НР Кина, денеска на Самитот во Белград потпишаа договор за изградба и за реконструкција на брза железничката пруга која ќе ја поврзе Атина со Будимпешта. Надградената пруга на оваа железничка линија е важен момент за соработката меѓу Европска Унија и Кина, особено зашто со неа ќе се овозможи побрз транспорт на кинески производи од...

Потпишан договорот за царинска соработка со Србија, Унгарија и со Кина

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина денеска во Белград потпишаа договор за царинска соработка. Договорот го потпишаа во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа. Договорот, кој беше потпишан во рамките на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна...

Србија нема да се откаже од мерките за штедење

Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ. - Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно работиме со месеци, беа одобрени...

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН. - Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би...

Србија доби 11 услови за преговори со ЕУ

Единаесет услови за отворање на преговорачките поглавја и за продолжување на преговорите со Европска Унија, Берлин ѝ испратил на Србија, но, според српските медиуми, тие за Белград се речиси невозможни за исполнување поради тоа што го засегаат статусот на Косово и  ја поддржуваат неговата независност. Меѓу нив се прифаќањето на статусот на Сојузот на српски општини во согласност со косовските закони,...

Дачиќ: ЕУ не бара Србија да го признае Косово

Европска Унија официјално нема побарано Србија да го признае Косово, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. - Србија не го променила својот став околу непризнавање на Косово, ниту ЕУ официјално го побарала тоа - рече Дачиќ, додавајќи дека во официјалните документи од ЕУ не се наведува дека Србија мора да го признае. Дачиќ вели дека во документите се наведува дека Србија мора да...

Уапсени 15 лица за масакрот во Штрпце

Полициските органи во Србија и во Босна и Херцеговина уапсија 15 лица кои се осомничени дека извршиле воени злосторства во Штрпце. Апсењето е спроведено на барање на обвинителите од двете земји, кои заедно работат на расветлување на масакрот од 1993 година, при кој од воз беа киднапирани и убиени 19 лица. Како што соопштуваат западните медиуми, во полициската акција е...

Пушков: ЕУ ја уценува Србија

Европска Унија, уценувајќи ја Србија, сака да постигне и таа да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Думата, Алексеј Пушков. - ЕУ сака да постигне и Србија, која не е членка на ЕУ, да се приклучи кон санкциите. Србија ја уценуваат: „Србија или ќе се вклучи кон санкциите против Русија или нема...

Србија подготвува контрамерки за Албанија поради законот за лекови

Србија ќе преземе соодветни контрамерки доколку Албанија не ја повлече спорната одредба од законот, балканските земји при извоз на лекови да мора да ги регистрираат во ЕУ, соопшти српската заменик-министерка за трговија, Бојана Тодоровиќ. Тодоровиќ рече дека засега немаат добиено одговор од Албанија на прашањето зошто правилото за регистрација на лекови важи само за балканските земји и додаде дека очекува...

ЕУ не бара Србија да воведе санкции против Русија

Европскиот комесар за претпристапни преговори, Јоханес Хан, денеска, во Брисел, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, потврди за јавноста дека Европската комисија не побарала од Белрад да наметне санкции против Русија, како што тоа го сторија земјите-членки на ЕУ, ниту, пак, гo поврзува отворањето преговори за членство на Србија со такво барање. Дачиќ, пак, додаде...

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

Србија нема да наложува санкции на Русија и ќе продолжи самостојно да донесува одлуки кои се во согласност со интересите на земјата, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. - Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно - истакна Вучиќ. Изјавата на Вучиќ е одговор на барањето на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, Србија да ја усогласи својата...

Патријарх Кирил: Во Србија сум како дома

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, пристигна денеска во тридневна посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“, Кирил беше пречекан од српскиот патријарх Иринеј и од српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, јавуваат српските медиуми. - Нашите цркви се поврзани, ја сочуваа довербата меѓу народите, што е од големо значење -  рече Кирил по пристигнувањето. Патријархот Кирил, исто така, изрази големо...

Шешељ: Хаг одвај чекаше да се ослободи од мене

Трибуналот само сакаше да се ослободи од мене, рече лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, откако, по 11 и пол години минати во Хаг, се врати во Белград. - Хаг на брутален начин ме исфрли од темницата. Не го барав тоа ниту ми поставуваа некакви услови. Сакаа само што побргу да се отарасат од мене. Борбата траеше нешто подолго, но на...

Србија воведува вињети

За шест до осум месеци, Србија планира да воведе вињети за користење на патиштата и да ги тргне наплатните рампи на автопатиштата и на патиштата од прв ред, најави српската министерката за соообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Србија очекува годишниот приход од патарини да се зголеми од 150 милиони евра на 300 милиони. Се очекува, годишната вињета за автомобил во Србија...

Шешељ пристигна во Белград

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, по 12 години минати во Хаг, денеска попладне пристигна во Белград. Шешељ на аеродромот „Никола Тесла“ го дочекаа членови на семејството, пријателите, како и раководството на СРС и неговите приврзаници. Претставниците на власта не беа присутни на аеродромот. Лидерот на СРС, иако беше најавено, сепак не даде изјава за новинарите, туку веднаш со...

Могерини: Посетата на Рама на Белград е важен чекор

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград претставува важен чекор во напредокот на односите меѓу Албанија и Србија, оцени еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини. „Ги пофалуваме двајцата лидери за нивната политичка храброст за одржување на посетата, која по својата природа е чувствителна и претставува предизвик“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на ЕУ по повод посетата Еди Рама...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...