Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, по 12 години минати во Хаг, денеска попладне пристигна во Белград.
Шешељ на аеродромот „Никола Тесла“ го дочекаа членови на семејството, пријателите, како и раководството на СРС и неговите приврзаници. Претставниците на власта не беа присутни на аеродромот.
Лидерот на СРС, иако беше најавено, сепак не даде изјава за новинарите, туку веднаш со автомобил го напуштил аеродромот.
Потпретседателот на Српската радикална странка, Зоран Красиќ, вчера соопшти дека Шешељ ќе се обрати на митингот што партијата го организира во сабота на белградскиот Плоштад на Републиката.
Хашкиот трибунал минатата недела го одобри привремено ослободување на Шешељ поради неговите сериозни здравствени проблеми.