Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно работиме со месеци, беа одобрени од страна на ММФ и поддржани и од Светската банка, ЕУ, како и од претседателот на Русија, Владимир Путин –  истакна Вучиќ.