fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој вчера ја посети најјужната српска база Чворе, како и граничниот премин Прешево. Гашиќ нагласи дека тие...

Мустафа: Ситуацијата во Прешево е мирна и стабилна

Градоначалникот на општина Прешево, Рагми Мустафа, утринава изјави дека ситуацијата во неговата општина е целосно стабилна и нема нарушување на општата состојба на безбедноста. - Ситуацијата во општина Прешево е сосема стабилна, мирно е, како и секој друг ден се живее и се работи. Нормално, вознемиреноста се пренесува затоа што Прешево е во близина на Куманово, која е соседна општина...

Николиќ: Изградбата на „Турски тек“ низ Србија е невозможна

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека е невозможна изградбата на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Србија и оти мисли дека поради тоа Србија нема да добива гас од тој правец. - Мислам дека реализација на „Турски тек“ (на територијата на Србија) е невозможна и од тој правец нема да добива гас – изјави Николиќ во интервју за агенцијата „Интерфакс“. Агенцијата...

ММФ почна преговори со Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска во Белград почна разговори со делегацијата на Србија по повод ревизијата на аранжманот во вредност од 1,2 милијарда евра. Главна тема на првата ревизија на тригодишниот аранжман ќе биде состојбата во јавните финансии во Србија, преструктуирање јавни претпријатија, намалување на бројот на вработените во секторот и негова приватизација. ММФ на 23 февруари ѝ одобри на...

Јанкулоска: Стотина македонски државјани се борат во Сирија и во Ирак

Стотина македонски државјани се борат на боиштата во Сирија и во Ирак, од кои досега 15 и загинаа, соопшти денеска во Белград министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска, во обраќањето на конференцијата „Превенција на радикализмот и борба против тероризмот на Балканскиот регион“. - Денес, балканските земји, како и многу земји во светот, се соочуваат со зголемен ризик, поради...

Тачи: Одбивањето на мојата посета на Белград ќе има последици

Шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, изјави дека одлуката на официјален Белград да не ја одобри неговата посета се коси со дијалогот и со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија. Тачи изјави дека ваквата постапка ќе има последици, но рече дека нема да има директни контрамерки за српските политичари.

Рама тврди дека односите со Србија никогаш не биле подобри

Изјавата за обединување на Албанија и на Косово е извадена од контекст, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Ал Џезеира Балканс“. Рама оцени дека односите меѓу Албанија и Србија никогаш не биле подобри, додавајќи дека „мора да се разбере процесот на интеграција како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме едни кон други...

Хашим Тачи би можел да биде уапсен ако отиде во Србија

Обвинителот за воени злосторства на Србија, Владимир Вукчевиќ, изјави дека потерницата за Хашим Тачи сè уште е на сила во Србија и оти би можел да биде уапсен доколку ја посети земјата. - Централата на Интерпол ја стопираше потерницата за Тачи во други земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Сепак, во Србија сè уште е на...

Македонија, Србија, Грција и Унгарија ќе разговараат за „Турски тек“

Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Србија и на Унгарија денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалното учество во рускиот план за новиот гасовод наречен „Турски тек“, пишува „Еурактив“. Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека енергетската соработка ќе биде фокусот на средбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, со неговите колеги од Турција, Србија, Македонија и од Унгарија, а...

Ципрас во мај во Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во мај ќе го посети Белград. Според извори од грчката влада, Ципрас ќе оди во посета на Србија на покана на неговиот српски колега, Александар Вучиќ. Ова ќе биде втора посета на Ципрас на Србија, по неговата посета како лидер на опозицијата во декември 2014 година. Клучна тема на разговори се очекува да биде развојот на билатералните врски...

Србија сака да биде организатор на ЕП во кошарка 2017 година

Кошаркарската федерација на Србија сака да се пријави за организација на една група на ЕП 2017, доколку ФИБА го задржи овој систем на натпреварување со повеќе организатори, пренесе „спорт365.мк“. Србија беше кандидат за организација на Еуробаскет 2015 година, но поради големи финансиски трошоци на челниците на КСС, се откажа од кандидатура. Последен пат нашиот северен сосед го организираше ЕП во 2005...

Црвен крст на Србија во хуманитарна акција за помош на поплавените во Македонија

Црвен крст на Србија отворил хуманитарен СМС-број за помош на загрозеното население во поплавите во Македонија, јавуваат српските медиуми. Од Канцеларијата за помош и обнова на поплавените подрачја на Србија упатиле апел до сите кои се во можност да се вклучат во акцијата и да помогнат на загрозеното население во Македонија. Покрај собирањето хуманитарна помош, кое го организираат Црвен крст на...

Владите на Македонија и на Србија заедно работат на конкретни проекти

Владите на Македонија и на Србија денеска, по одржувањето на втората по ред заедничка седница, потпишаа седум билатерални договори од областа на економијата, здравството, образованието, културата и на надворешните работи. Македонскиот премиер, Никола Груевски, истакна дека заедничката седница, по онаа во Белград, е потврда за континуитетот и за одличната соработка меѓу двете држави и дека одличната политичка соработка е основа...

Србија: Двајца загинати при уривање на спортски авион

Две лица загинаа откако двомоторен спортски авион од типот „цесна 310“ се урна на аеродромот „Ечка“, во близина на српскиот град Зрењанин. Засега не се знае причината за уривањето на авионот, а полицијата работи на расветлување на несреќата. Како што јавуваат српските медиуми, во авионот имало две лица, инструктор за летање и курсист.

Иванов на средба со Гојковиќ, претседателка на собранието на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на собранието на Србија, Маја Гојковиќ, и искажа задоволство од размената на посети меѓу двете земји, оценувајќи дека контактите на највисоко ниво имаат особено значење и даваат силен сигнал за понатамошниот развој на пријателството и на соработката меѓу Македонија и Србија. - Нашите земји ги поврзува долга историска и културна традиција, имаме идентична...

Могерини: Косово и Србија постигнаа договор за правосудството

Премиерите на Србија и на Косово денеска ја довршија спогодбата во делот за правосудството, едно од клучните прашања од спроведувањето на бриселскиот договор за нормализирање на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. „Двајцата премиери ја довршија спогодбата за правосудството на Косово, затворајќи го клучното поглавје во спроведувањето на бриселскиот договор, што значително ќе го подобри...

Во училиште во Србија се онесвестиле 12 ученици

12 деца изгубиле свест  во основно училиште во местото Шајкаш во близина на Тител, Србија. Засега не се знаат причините поради што дошло до губење свест.

„Блиц“: Хајка против Србите во Македонија

Ултрадесничарската партија ВМРО-НП почна хајка против Србите во Македонија, пишува српскиот весник „Блиц“. Билбордите со пораки „Стоп за српската асимилација на македонската нација“, како и фејсбук-групата „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“, според „Блиц“, претставуваат јасни антисрпски пораки кои имаат цел да предизвикаат омраза и нетрпеливост кон Србите и кон Србија. Весникот наведува дека Град Скопје и Министерството...

Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Хрватска не докажа дека Југословенската народна армија извршила геноцид над хрватското население на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година. Судот, исто така, пресуди дека и Србија не успеала да докаже дека бил извршен геноцид над српските цивили во Хрватска. Пресудата ја прочита претседателот на судот, Петер Томка. Спорот почна кога Хрватска, на...

Македонците од Србија со хуманитарна акција по повод роденденот на Тоше

Форумот на млади Македонци во Србија, по повод роденденот на големата македонската и балканска ѕвезда Тоше Проески, традиционално, на 24 и на 25 јануари, ќе организира хуманитарни активности. Оваа година средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Националното здружение на родители на деца заболени од рак – НУРДОР во Белград. В сабота, на 24 јануари, на Студентски трг во...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...