fbpx

Николиќ: Изградбата на „Турски тек“ низ Србија е невозможна

-

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека е невозможна изградбата на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Србија и оти мисли дека поради тоа Србија нема да добива гас од тој правец.

– Мислам дека реализација на „Турски тек“ (на територијата на Србија) е невозможна и од тој правец нема да добива гас – изјави Николиќ во интервју за агенцијата „Интерфакс“.

Агенцијата потсетува дека српскиот амбасадор во Русија, Славенко Терзиќ, претходно изјави дека откажувањето од „Јужен тек“ и новиот договор за „Турски тек“ ѝ ја отежнува ситуацијата на Србија со енергетиката.

Николиќ рече дека Србија се противи на воведувањето санкции против Русија, но оти откако ќе стане членка на ЕУ, официјален Белград ќе биде принуден да ја следи заедничката политика на Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...