fbpx

Шешељ: Хаг одвај чекаше да се ослободи од мене

-

Трибуналот само сакаше да се ослободи од мене, рече лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, откако, по 11 и пол години минати во Хаг, се врати во Белград.

– Хаг на брутален начин ме исфрли од темницата. Не го барав тоа ниту ми поставуваа некакви услови. Сакаа само што побргу да се отарасат од мене. Борбата траеше нешто подолго, но на победата не ѝ се гледа во заби – рече Шешељ во седиштето на СРС.

Лидерот на СРС рече дека е „на привремено отсуство додека не ја освои власта“, а Хашкиот трибунал го нарече „ранет глобалистички заговор кој уништува животи“.

Шешељ, иако беше најавено, сепак не одржа прес-конференција за новинарите, но по еден и пол час минат во канцеларијата на партијата, тој низ прозор им се обрати на насобраните приврзаници.

Хашкиот трибунал минатата недела одобри лидерот на СРС привремено да се врати во Србија, поради неговата влошена здравствена состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...