fbpx
Таг: соопштение

таг: соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата е виновна за намалување на кредитниот рејтинг

СДСМ знае дека преку буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало ниту „Рајската градина“, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за задолжувањата на владата. Во него исто така се додава дека „со деструкцијата и манипулациите СДСМ се обидува да им нанесе штета...

СДСМ: Новинарите предложени во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение информира дека новинарите кои се предложени од опозицијата во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност. „Ве уверуваме дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец“, стои во соопштението. Од таму велат дека по јавниот повик што го објави Соцјалдемократскиот сојуз пристигнале повеќе од 20...

ВМРО-ДПМНЕ: Од социјалните станови, добробит гледаат ранливите групи граѓани

Од проектот за изградба на домови за социјално ранливи групи, добробит гледаат ранливите категории граѓани за кои ВМРО-ДПМНЕ реално се грижи, а кои СДСМ ги користи и злоупотребува, очајно обидувајќи се на нивниот грб да освои некој ситен политички поен, реагираат од владејачката партија на денешното соопштение на СДСМ. „Граѓаните паметат дека Фросина Ременски во функција на технички назначен министер за труд...

СДСМ нема аргументи зошто треба да се смени уредникот на МТВ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ во преговорите инсистираше во МТВ тие да предложат свое кадровско решение и ниту една манипулација на Радмила Шекеринска не може да го промени тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на заменик-претседателката на опозициската партија. Оттаму велат дека СДСМ и, како што пишува во соопштението, аболираниот криминалец Зоран Заев може да глумат загриженост за независноста на медиумите, но тие се...

СДСМ со антидржавен обид сакаше да ја наруши финансиската стабилност, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

„Цел СДСМ лаже како Заев. Kолку и да лажe, не може да го одвлечe вниманието од фактот дека токму СДСМ изврши чин на финансиски тероризам поради кој граѓаните ќе останат без 25 милиони евра. Колку и да пласира СДСМ манипулации и измислици од фабриките за афери, ништо не го пере срамот од антидржавниот обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ свесно ѝ нанесе штета од 25 милиони евра на Македонија

„Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното дејствување на Зоран Заев и на СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи СДСМ. Поради СДСМ граѓаните на Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили...

СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ изврши акт на финансиски тероризам со кој ѝ нанесе директна штета на Република Македонија. Со манипулациите и со притисоците до светските финансиски институции за да создаде вештачка паника, СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов. „Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата, кое беше...

Иванов: Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Турција

Република Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Република Турција, а во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. „По добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презеде низа мерки и активности за заштита на државната граница. Претседателот...

Ахмети: Секој член да работи со голема посветеност на остварување на нашите национални цели

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 14-годишнината од основањето на партијата, испрати честитки на сите соработници, членови, симпатизери, колеги, како и на сите граѓани. „Петти јуни 2002 година ќе остане засекогаш значаен датум за сите нас, денот кога сите заедно одлучивме да воспоставиме наследнички субјект и потомци на Ослободителната национална армија, Демократската унија за интеграција. Нашата 14-годишнина доаѓа во многу тешки...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ злоупотребува трагични настани во политичка конотација

Граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ, кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ. „Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи...

ЗНМ: Нема слободни медиуми во земја каде новинарите се затвораат поради објавен текст

„Во Македонија нема слободни медиуми, објави вчера „Фридом хаус“, најреномираната меѓународна организација што ја оценува состојбата со слободата на медиумите во светот. Во годинешниот извештај, го загубивме статутот на земја со делумно слободни медиуми и западнавме во група на најнедемократски земји каде воопшто нема слободни медиуми. Такви неслободни земји во Европа, освен Македонија, се и Турција и Русија“, реагираат од...

Заев: Аболицијата да се повлече, да се организираат регуларни избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ и членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рената Дескоска, денеска се сретна со Штефан Шенах, шеф делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, придружуван од членови на комисијата. „На средбата се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија по неисполнетите услови за...

СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и на законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое владејачката партија предлага сите партии да испратат писмо до Иванов со барање да ја преиспита одлуката за помилувањето. Од опозицијата велат дека...

ВМРО-НП: Политичарите што ќе бидат аболирани, да не смеат 10 години да учествуваат во политика

„ВМРО-Народна партија, анализирајќи ги сите параметри што ги карактеризираат општите состојби во нашата држава, констатира дека Македонија е во длабока криза по сите основи: безбедноста е силно нарушена, економската стабилност е загрозена од внатрешни и од надворешни влијанија, владеењето на правото е комплетно суспендирано, меѓупартиските обвинувања се на точка на вриење и лесно можат да ескалираат во граѓанска војна, а...

Протекувањето на снимките ја избркале ДУИ од Владата

Демократската унија за интеграција издаде подолго соопштение во кое ја дообјаснува синоќешната одлука за напуштање на Владата. Во соопштението акцентот е ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција. „Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога со цел да се врати стабилноста и безбедноста во...

ВМРО-ДПМНЕ: На сите во Македонија им е јасно дека фантомски гласачи нема

Пукна и последниот балон на СДСМ. Се распрска како меур од сапуница големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски. „Денес на сите во Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета...

МВР: Нервозни се оние кои МВР со години го третираат како своја партиска филијала

Декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала, се вели во реакцијата од МВР на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе направиме ревизија во секоја полициска станица, многумина ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение се обрати до техничкиот министер Оливер Спасовски, и како што велат, неговите партиски соработници од СДСМ во неговиот партиски кабинет во МВР, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени, дека со внимание ја следи нивната работа. „Секојдневно се анализира нивното постапување и набрзо ќе дојде денот...

СДСМ: Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените повеќе од 5 милијарди евра

Таканаречениот отчет на Никола Груевски и на криминалната банда што 10 години ги краде и ги манипулира граѓаните е врв на лицемерството и на потценувањето на граѓаните на Република Македонија, реагираат од СДСМ на вчерашниот јавен отчет на ВМРО-ДПМНЕ. „Парадата на криминалните ликови е нова компилација од лаги, нереални лажни инвестиции и од лажни работни места. Единствен резултат преточен во дела...

ВМРО-ДПМНЕ денеска со отчет во Спортскиот центар „Јане Сандански“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го презентира досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години, стои во соопштението од партијата. „Овој отчет содржи повеќе од 3.500 реализирани проекти, мерки и реформи во интерес на граѓаните. Отчетот ќе биде своевиден осврт на работата и на делата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до денес, при што ќе...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...