fbpx

Заев: Аболицијата да се повлече, да се организираат регуларни избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ и членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рената Дескоска, денеска се сретна со Штефан Шенах, шеф делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, придружуван од членови на комисијата.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија по неисполнетите услови за фер и регуларни избори во Македонија и по апсурдната одлука на Ѓорге Иванов за аболиција на претставници на високиот врв на власта за кои се отворени истраги, меѓу другото и за изборен криминал. Трите клучни услови за регуларни избори не се исполнети, што е јасно и за домашната и за меѓународната јавност. Избирачкиот список не е прочистен, медиумски реформи не се спроведени, партијата не е одвоена од државата. Кулминација на погазувањето на Договорот од Пржино од страна на власта е срамната одлука на вршителот на функцијата претседател на државата, Иванов, за аболиција, поради што незадоволството на граѓаните се излеа на улиците. Решение за ситуацијата е повлекување на незаконската одлука на Иванов и организирање и реализација на фер и регуларни избори, на кои ќе биде избрана кредибилна Влада, соопшти претседателот Заев“, се вели во соопштението на СДСМ.

Констатирано е, стои во сооопштението, дека продлабочувањето на политичката криза води кон нестабилност за земјата.

„Претседателот Заев нагласи дека СДСМ поддржува ненасилни и мирни граѓански протести и порача дека за добрата иднина на Македонија неопходно е  исполнување на клучните услови за фер избори и учество на сите политички субјекти во земјата на регуларни избори“, се заклучува во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...