Штедните влогови се сигурни и стабилни, тврдат банкарите

-

„Штедните влогови што граѓаните ги имаат во банките им се сигурни и стабилни. Банките имаат вишок ликвидни средства и се подготвени да ги сервисираат сите потреби на граѓаните. Банкарскиот систем е најздравиот дел од нашата економија“, истакна денеска претседателот на Здружението на банкарство при Стопанска комора, Коста Митровски.

– Банките имаат висока капитализираност, адекватноста на капиталот е речиси двапати поголема од пропишаниот законски минимум и тие располагаат со висока ликвидност. Врвен приоритет на сите наши банки е на на своите штедачи, физички и правни лица, да им ги гарантираат штедните влогови, да им овозможат во секое време да можат да располагаат со истите, да ги разорочуваат доколку го сакаат тоа, да ги подигаат, да вршат менувачко работење, да претвораат денари во евра и обратно, да плаќаат со истите во земјата и во странство и да креираат нови депозити со услови прифатливи за нив – изјави Митровски.

Тој додава дека сите што имаат потреба од подигање на средства можат во секое време да отидат во банка и да бидат услужени. Вадењето пари од страна на граѓаните е во рамките на вообичаеното за овој период.

И покрај политичката криза, Митровски додава дека кредитирањето не е намалено. Истовремено, и како прв човек на Уни банка, изјави дека во април кредитирањето било зголемено за 3,5 милиони евра, а заштедите на граѓаните се зголемиле за 800.000 евра.

Во однос на девалвацијата на денарот, тој смета дека гувернерот Димитар Богов повеќепати дал уверување за стабилноста на курсот на денарот и тој опстојувал во полоши времиња и кризи.

Митровски истакна дека нема потреба граѓаните да бидат вознемирени од одредени шпекулации кои се без никаква основа, бидејќи девизните резерви изнесуваат 2 милијарди евра.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...