fbpx

Курц: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

-

Европската Унија е нецелосна без Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, и вети дека Австрија и понатаму „ќе биде силен глас на поддршка на своите пријатели на Западен Балкан“.

Тој го истакна ова на отворањето на завршната дебата на дводневната подготвителна конференција што се одржуваше во Виена на 25 и на 26 април, под името „Поттикнување на процесот на проширување и решавање на билатералните спрови“ во шест земји од Западен Балкан.

Шефот на албанската дипломатија, Димитар Бушати, нагласи дека билатераланите спорови можат да го забават, па дури и да го запрат процесот на проширување и изрази увереност дека, сепак, „регионот покажува дека може да го исполни она што е ветено“.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, кој на конфренцијата ги изнесе искуствата и како некогашен министер за надворешни работи на Србија, наведе различни примери за начини и за средства, но и за пречки во решавањето на билатералните прашања, објаснувајќи дека досегашниот начин на решавање на овие спорови ветува и охрабрува.

Дводневната конференција беше посветена на иницијативата што ја почна Европскиот фонд за Балкан, а беше поддржана од Австрија, од Советот за регионална соработка и од францускиот институт „Реенер“.

Целта на иницијативата е да се поттикне процесот на европска интеграција на стопанствата од Југоисточна Европа, кои тежнеат кон членство во Европската Унија, а првиот успех беше доживена на минатогодишниот самит на Западен Балкан, оддржан во Виена.

Тогаш, шефовите на дипломатиите од земјите од регионот писмено се обврзаа дека „ќе ги решаваат сите отворени билатерални прашања во духот на добрососедството и на определеноста за европските интеграции“.

Годинешниот самит ќе се оддржи на 4 јули во Париз, а предлозите од конференцијата во Виена ќе бидат составен дел на собирот.

Македонија активно партиципира во процесот на регионалната соработка и преку интервладиното тело Совет за регионална соработка со седиште во Сараево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...