fbpx

ВМРО-ДПМНЕ денеска со отчет во Спортскиот центар „Јане Сандански“

-

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го презентира досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години, стои во соопштението од партијата.

„Овој отчет содржи повеќе од 3.500 реализирани проекти, мерки и реформи во интерес на граѓаните. Отчетот ќе биде своевиден осврт на работата и на делата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до денес, при што ќе се стави акцент на сработеното во кризниот период од 2014 до 2016 година, како и на поголемите и позначајни проекти од претходниот период“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.