fbpx

Во напад на Исламска држава на Синај убиени 18 лица

-

Најмалку 18 луѓе, од кои 13 египетски полицајци, загинаа синоќа во напад на контролна точка на полуостровот Синај, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи додава дека нападот е извршен во близина на градот Ал Ариш, главниот град на покраината Северен Синај.

„Контролната точка Сафа е погодена со минофрлачка граната, при што загинаа 13 полицајци“, се наведува во соопштението.

Според министерството за внатрешни работи, станува збор за минофрлачки напад, додека египетските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, пренесуваат дека станува збор за самоубиствен напад изведен со автомобил бомба.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава (ИД).

Џихадистите тврдат дека бомбашот со воено име Абу ал-Каакаа, Египќанец, ја активирал бомбата на контролниот пункт.

„Контролната точка потоа беше нападната“, се наведува во објавата на Исламска држава на интернет.

Станува збор за напад со најмногу жртви во изминатите неколку месеци на Синај, каде египетскиот разгранок на Исламска држава речиси секојдневно ги напаѓа припадниците на војската и на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...