четврток, 12 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Каиро | 12 резултати

Експлозија во Каиро, загинаа шест полицајци

9 декември 2016

Шест полицајци загинаа, а седум лица се повредени во експлозија во Каиро, соопштија безбедносни извори. Бомбата експлодирала во контејнер кај контролен пункт. Во експлозијата ранети се тројца полицајци и четворица цивили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Експлозијата се случила во улица која води кон пирамидите.

Голем пожар во центарот на Каиро, повредени 81 лице

9 мај 2016

Во пожарот во центарот на Каиро повредени се 81 лице, меѓу кои има и пожарникари, потврдија египетски официјални лица. Пожарот избил во текот на ноќта во хотелот „Ал Моски“, недалеку од џамијата „Ал Азхар“ и бргу се проширил на четири околни згради. Во кругот на деловниот комплекс во кој се случил пожарот има и складишта со […]

Ослободени поголем дел од патниците од киднапираниот авион

29 март 2016

Речиси сите патниците од киднапираниот египетски авион на „Египет Ер“ се ослободени, освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, јавуваат светските медиуми. Патнички авион беше киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот во Ларнака на јужниот брег од грчкиот дел на Кипар. Според информациите, станува збор за авион […]

Во напад на Исламска држава на Синај убиени 18 лица

20 март 2016

Најмалку 18 луѓе, од кои 13 египетски полицајци, загинаа синоќа во напад на контролна точка на полуостровот Синај, соопшти египетското министерство за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи додава дека нападот е извршен во близина на градот Ал Ариш, главниот град на покраината Северен Синај. „Контролната точка Сафа е погодена со минофрлачка граната, при што […]

Иванов во Каиро ќе зборува на бизнис-форум

14 март 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Египет, денеска попладне во Каиро ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија. Бизнис-поволностите во Македонија ќе ги претстави министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. Целта на форумот е јакнење на […]

Верижен судир во Египет, животот го загуби 21 лице

31 јануари 2016

Дваесет и едно лице загина, а 16 се повредени во верижен судир на возила на автопат јужно од египетската престолнина, соопштија египетските власти. Министерството за здравство на Египет соопшти дека маглата и неприлагодената брзина го предизвикале верижниот судир во близина на градот Бени Суеф, околу 95 километри јужно од Каиро. По сообраќајката, автопатот бил затворен […]

Тројца полицајци ранети во Каиро

10 август 2015

Тројца полицајци се ранети во експлозија на бомба во Каиро, соопштија извори од египетската влада. Оттаму наведуваат дека станува збор за продолжение на серија терористички напади. Експлозијата се случила во богатата населба Хелиополис, на северостокот на главниот град на Египет. Одговорноста за нападот засега никој не ја презел. Египетската влада се обидува да го запре […]

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

6 ноември 2014

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро. Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како одговор на жестоките репресии против приврзаниците на Морси. Во текот […]

Страна 1 од 1