fbpx

Иванов во Каиро ќе зборува на бизнис-форум

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Египет, денеска попладне во Каиро ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија.

Бизнис-поволностите во Македонија ќе ги претстави министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.

Целта на форумот е јакнење на економската соработка со Египет, за која меѓу другото разговараа и претседателите на двете држави Иванов и Абдел Фатах Ал Сиси на вчерашната средба.

Македонскиот претседател изјави дека двете земји треба да се фокусираат на области со кои ќе ја продлабочат соработката зашто имаат потенцијали кои треба да се искористат.

Рече и дека очекува позитивна реакција од египетската бизнис-заедница за денешениот бизнис-форум и дека Македонија може да биде порта на Египет кон европскиот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...