fbpx

МНР: Нема наши државјани во Судан

Министерството за надворешни работи информираше дека нема наши државјани кои престојуваат во Судан

-

Според досегашните информации добиени од македонската амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, Министерството за надворешни работи информираше дека нема наши државјани кои престојуваат во Судан. Воедно, не биле регистрирани ниту повици од наши државјани на кои им е потребна помош.

МНР исто така апелираше доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected]

Борбата за превласт во Судан продолжува, досега загинати над 400 лица

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.