fbpx

Промовирана веб-платформата „е-здравство“: онлајн информации за вакцини, рецепти и упати

„Се надеваме дека со ова ќе се обнови довербата во вакцините“, рече Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ во земјава

-

Информации за тоа кога треба да го однесете вашето дете на вакцина, информации за Програмата за рана детекција на малигни заболувања, податоци во реално време за бројот на издадени упати и рецепти, се само дел од новините што ги нуди новата веб-платформа е-здравство која беше промовирана денеска. Веб-платформата е изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

„Оваа година УНИЦЕф одбележува 30 години постоење во Македонија. Ние се грижевме и за имунизационата програма на земјата поради прекинот на системот за снабдување со вакцини поради војните на тогашна Југославија. Целта е секое дете да има пристап до вакцини за да може правилно да се развива и да расте. Живееме во дигитална ера, веруваме дека информациите се лесно достапни. Но, во земјата, еден од четворица родители смета дека нема доволно информации во врска до вакцинацијата на децата. Затоа е важно информирањето“, рече претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патеиција ДиЏовани.

Токму затоа, појасни таа, треба да се поддржуваат вакви информативни извори како сајтот е-здравство, кој ќе обезбедува најнови информации кои ќе ѝ помагаат на јавниста, на родителите да се информираат.

„Се надеваме дека со ова ќе се обнови довербата во вакцините. Неделата на имунизација започнува денес, а вакцините спасуваат до три милиони детски животи од смртоносни болести“, рече таа.

Претставничката од системот „Мој термин“, Елица Стојаноска, ги претстави содржините и категориите понудени на е-здравство.

„Е-здравство содржи информации за скрининг, за имунизација, регистри, дигитално здравство, како и листи и извештаи од областа на здравството“, рече Стојаноска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...