fbpx

Од денеска е на сила Договорот ЕУ – Турција

-

Од денеска е на сила Договорот меѓу Европската унија и Турција со кој треба да се стави крај на приливот на мигранти во Европа.

Договорот беше постигнат пред два дена.

Според документот, Анкара ќе прифати назад илегални мигранти кои преминале во Грција, вклучително и сириски бегалци, доколку ЕУ преземе некои сириски бегалци. Анкара ќе добие пари, ќе биде воведен безвизен режим на патување и ќе ѝ се обезбеди напредок во преговорите за членство во Унијата.

Исто така, балканската рута останува затворена.

Според западни медиуми, Грција нема да биде во можност да почне да враќа бегалци од Турција од денеска. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги известил вчера министрите да бидат подготвени за почеток на префрлување бегалци, но официјални лица тврдат дека за тоа треба многу повеќе време.

– Таков план не може да почне да се спроведува за 24 часа – изјави портпаролот на координаторот на владата за политиката кон бегалците, Јоргос Кирицис.

Околу 2.300 безбедносни и правни експерти треба да стигнат во Грција за помош за спроведување на договорот.

Париз и Берлин ветија испраќање 600 полицајци и експерти за азил.

Се очекува бегалците да почнат да се враќаат во Турција од 4 април. Во Грција моментно има околу 47.500 бегалци, од кои 8.200 на островите, а 10.500 на Идомени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...