fbpx

СДСМ: Арсовска-Томовска лаже, нема договор за медиумите

-

„Марта Арсовска-Томовска лаже. Договор за медиумските реформи нема, затоа што од нив бегаат Никола Груевски и  ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од лидерски средби, бегаат од работни групи, избегаа и од дебатата за медиуми во Собранието“, стои во реакцијата на СДСМ по интервјуто на министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да продолжи корупцијата на медиумите под нивна контрола со пари од граѓаните. Реформите во медиумите што треба да обезбедат услови за фер и демократски избори значат целосна департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ. Ова е обврска што произлегува од Договорот од Пржино, од извештајот на Прибе, но и обврска од Извештајот на Европската унија за Македонија. На таа линија е и ставот на СДСМ што е познат на домашната и на меѓународната јавност. Неопходно е партиските кадри во советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ да се заменат со експерти. Груевски попусто се обидел преку Арсовска-Томовска да се спаси од вистински медиумски реформи“, стои во соопштението.

Следните избори во Македонија, се вели во реакцијата, мора да бидат фер и регуларни.

„Тоа значи со прочистен избирачки список и со медиумски реформи, го сакале тоа Груевски и соработниците или не“, се заклучува во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...