fbpx

ВМРО-НП: Политичарите што ќе бидат аболирани, да не смеат 10 години да учествуваат во политика

-

„ВМРО-Народна партија, анализирајќи ги сите параметри што ги карактеризираат општите состојби во нашата држава, констатира дека Македонија е во длабока криза по сите основи: безбедноста е силно нарушена, економската стабилност е загрозена од внатрешни и од надворешни влијанија, владеењето на правото е комплетно суспендирано, меѓупартиските обвинувања се на точка на вриење и лесно можат да ескалираат во граѓанска војна, а меѓуетничките односи се постојана латентна закана“, се вели во реакцијата на ВМРО-НП.

Од партијата, како што посочуваат, најмногу се загрижени поради крајно еродираниот морал и отсуството на минимум етика кај политичарите и кај партиите, во нивната сурова и безмилосна пресметка против своите неистомисленици.

„ВМРО-Народна партија е за подигнување на етичката свест кај политичарите и за нивната искрена посветеност кон државата и кон граѓаните и предлага, во услови на распуштено собрание, да се направи џентламентски договор помеѓу партиите, аболицијата која подразбира милост од државата и ослободување од кривично гонење, истовремено да значи и забрана за какво било учество во политика во следните  10 години. Веднаш по конституирање на новото Собрание на Македонија, сето ова да се преточи во закон“, се вели во соопштението.

ВМРО-Народна партија, исто така, бара новиот закон да содржи и член со кој аболираните политичари кои се покажале доблесни и не ја прифаќаат добиената аболиција, да им биде овозможено својата невиност да ја докажат низ редовна судска постапка.

„Колку што е тешко одредено лице да се осуди за сторено кривично дело, а потоа да биде опфатено со аболиција, уште потешко е тоа лице да се спречи низ редовна законска постапка да ја докаже својата невиност. ВМРО-Народна партија последниве 10 години постојано укажува на несоодветната казнена политика, која се граничи дури и со свирепост содржана во речиси сите судски пресуди без оглед дали тоа се однесува на поединци или фирми и на тој начин придонесува за горенаведените состојби во областа на судството. Максимално се залагаме за комплетно преиспитување и ревидирање на казнената политика што се применува кон граѓаните и кон фирмите во Македонија, во насока на драстично намалување на драконските казни што сега се изрекуваат од судовите во Македонија“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...