fbpx

За Ставрески и за Јанкулоска, Талески е „тежок криминалец“, за Иванов е „чист со тапија“

-

„Коруптивен до даска!“ Вака актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, во еден од прислушуваните разговори што лани ги објави СДСМ, со својата пронешна колешка, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во градот, за кој Специјалното јавно обвинителство вчера отвори истражна постапка под името „Транспортер“.

Разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска беше објавен во т.н. „бомба број 19“ на опозицијата, а во него тие рекоа:

Ставрески: Горде, шо праиш?
Јанкулоска: Еве вести.
Ставрески: Добро.
Јанкулоска: Ти?
Ставрески: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 минути, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола, Владо Талевски, пи*ка ли му матер.
Јанкулоска: Шо бе Зоки?
Ставрески: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.
Јанкулоска: Абе што говеда се значи.
Ставрески: Беше направена ситуацијата. До 2010, до јуни, склучен е договор со „Транскоп“, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010 од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…
Јанкулоска: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.
Ставрески: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.
Јанкулоска: Да, де, да.
Ставрески: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010 отприлика е, кон „Транскоп“, отприлика е 36 милиони денари и 22 милиони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.
Јанкулоска: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.
Ставрески: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 милиони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 милиони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 милиони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…
Јанкулоска: Да, да, глеав тоа, да.
Ставрески: И му реков на Панче „ти јави му се, оти ја ако му се јавам, ќе му е*ам мајката, не можам да се воздржам на телефон“. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.
Јанкулоска: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.
Ставрески: Лигле.
Јанкулоска:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.
Ставрески: Да, де, да. Копилиња, со такви се занимаваме…
Јанкулоска: На толку помош.
Ставрески: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето, пази, нас ни праи прес, ми праи он мене.

Со ваквиот став на Ставрески, како што посочи обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, се совпаднал и извештајот на судските вештаци, прибраниот материјал и сведочењата од предистражната постапка на Специјалното обвинителство.

– Сигурно се сеќавате дека двајца министри, од кои едниот е сè уште министер за финансии, посочуваа коруптивни активности на градоначалникот на општина Битола. Ова обвинителство презеде повеќе истражни дејства во насока на испитување на ваквите наводи. Ќе видите дека во овој случај министерот за финансии не погрешил во својата проценка… – рече Фетаи на прес-конференцијата на СЈО за „Транспортер“.

Специјалното обвинителство пред Нова година, како што објави тогаш „Мета“, испрати обвинители во Битола да ги истражат наводите за криминалот со автобускиот превоз, а во тој период Талески имаше новогодишно интервју за телевизијата „Тера“, во кое, меѓу другото, рече „Чист сум со тапија“.

– Значи, јас сум со тапија чист и мојата работа е чиста, тоа ќе се покаже сега и со следниве кривични пријави – рече тогаш битолскиот градоначалник.

Вчера тој за дел од медиумите кои ги повика на интервју во врска со случајот „Транспортер“, тврдеше дека истрагата на СЈО е тенденциозна и без аргументи бидејќи сè што работеле тој и службите на Општината било законски.

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, е еден од 56-те лица за кои се водеа кривични постапки, а во вторникот претседателот на државата, Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги аболира.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...