Опозициската СДСМ денеска преку соопштение информира дека новинарите кои се предложени од опозицијата во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност.
„Ве уверуваме дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец“, стои во соопштението.
Од таму велат дека по јавниот повик што го објави Соцјалдемократскиот сојуз пристигнале повеќе од 20 кандидатури за избор во ад хок телото.
„Сигурни сме дека Костовски и Трпеновски како докажани професионаллци за коишто секогаш интересот на јавноста е врвен приоритет со успех ќе одговорат на овој исклучително сериозен и одговорен предизвик“, се заклучува во соопштението.