СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

-

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и на законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое владејачката партија предлага сите партии да испратат писмо до Иванов со барање да ја преиспита одлуката за помилувањето.

Од опозицијата велат дека граѓаните знаат дека Никола Груевски е нарачателот на одлуката на Иванов.

„Кризата во Македонија ја создаде токму криминалната банда, која не само што ги крадела парите на граѓаните туку и нивните гласови преку криминален избирачки список и бројни злоупотреби. ВМРО-ДПМНЕ не може да ги лаже граѓаните. Бидејќи Иванов и Груевски се тим, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нека го повикаат Иванов да ги поништи, односно да ги отповика сите одлуки за помилување. Идентично како што ја поништи аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“. Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14 април 2016 година и одговорност на сите за сторениот криминал“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека нивниот лидер прв јавно ја отфрлил аболицијата и повикал на поништување на одуката. Од СДСМ дополнуваат дека во Македонија не смее да има „недопирливи граѓани“ и „обични граѓани од втор ред“.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...