fbpx

Орав: Политичките партии да се вратат на преговарачка маса

-

Политичките партии да почнат да се подготвуваат за избори и насилството да запре, порача евроамбасадорот Аиво Орав на промоцијата на проектот финансиран од ЕУ за зајакнување на владеењето на право.

Тој се надева дека политичките лидери ќе преземат целосна одговорност и конечно ќе почнат да ја решаваат оваа длабока политичка криза.

– Сакам да ги повикам сите страни да избегнат понатамошна ескалација на кризата. Намерни провокации со политичка цел се неприфатливи иако секогаш постои искушение во тоа. Доколку насилството почне, ќе биде екстремно тешко да се запре и ќе врати години на реформи и напори за интеграција на земјата. Затоа, во интерес на граѓаните и на процесот на евтоатлантска интеграција на земјата, ги повикуваме политичките сили да се вратат на преговарачка маса заради смирување на ситуацијата и да продолжат со подготовка за спроведување веродостојни избори – рече Орав.

Тој ја истакна важноста на Специјалното обвинителство и на судовите кои, како што рече, треба да продолжат да работат за да преовладеат правдата и владеењето на правото. Во однос на одлуката за аболиција на претседателот Горѓе Иванов, рече дека со неа се прави повреда на правото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...