fbpx

ЗНМ: Нема слободни медиуми во земја каде новинарите се затвораат поради објавен текст

-

„Во Македонија нема слободни медиуми, објави вчера „Фридом хаус“, најреномираната меѓународна организација што ја оценува состојбата со слободата на медиумите во светот. Во годинешниот извештај, го загубивме статутот на земја со делумно слободни медиуми и западнавме во група на најнедемократски земји каде воопшто нема слободни медиуми. Такви неслободни земји во Европа, освен Македонија, се и Турција и Русија“, реагираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Од здружението, како што стои во реакцијата, додаваат дека успеале да го разобличат „грдото лице на авторитарниот систем, кој освен што масовно ги крши правата и слободите на граѓните, ги зароби и медиумите и ги претвори во прапагандна машинерија за манипулација со граѓаните“.

„’Фридом хаус’ ги елаборира истите прашања за кои ние зборувавме со години. Во извештајот оваа орагнизација неколкупати се повикува на нашите ставови и оценки. Власта постојано ги игнорираше предупредувањата на ЗНМ дека поради лошите политики кон медиумите, Македонија опасно се приближува кон групата недомократски земји. Кажавме дека не може да има слободни медиуми во земја каде новинарите се затвораат поради објавен текст. Власта не само што не извлече поука од случајот на Кежаровски, туку со екстрадицијата на новинарот Зоран Божиновски направи уште поголема глупост. За какво шпионирање треба да одговара Божиновски кога наредбодавците и извршителите на незаконско прислушување на повеќе од сто новинари се аболирани од претседателот на државата? За какви уцени треба да биде казнет Божиновски кога владата со јавни пари ги уценува и ги контролира приватните медиуми?!“, се вели во соопштението.

Од здружението уште еднаш повторуваат дека насилството врв новинари не може да се толерира во демократски земји.

„Но, место да ги казнат насилниците, тие свесно ги толерираат за да им ја затворат устата на новинарите. Власта се оглуши на нашите барања да обезбеди институционална автономија на „Македонска радио-телевизија“ и на медиумскиот регулатор. За нив побитни беа нивните партиски интереси отколку интересите на граѓаните и на земјата. Штетата врз слобдата на медиумите веќе е направавена и тие што ја предизвикаа оваа  штета не можат да ги санираат последиците. Се надеваме дека идната влада ќе има поголем демократски камацитет и ќе биде поодговорна за сериозно да се справи со проблемите во медиумите“, е наведено во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...