fbpx

Банките работеле попрофитабилно лани во однос на 2014 година

-

„Ликвидноста на банкарскиот систем е на задоволително ниво. И покрај благото намалување на ликвидните средства во 2015 година, тие и понатаму учествуваат со повеќе од 30 отсто во вкупните средства на банките и покриваат близу 60 отсто од вкупните обврски“, се вели во најновиот извештај на Народна банка.

И во 2015 година, во банкарскиот систем во Македонија најзастапен е странскиот капитал, при што 75 отсто од вкупниот акционерски капитал потекнува од странските акционери.

– Сепак, активностите на домашните деловни банки не зависат од изворите на финансирање од странските матични лица, со што се овозможува стабилност на ликвидносната позиција. Банките очекуваат стабилност на депозитите и во наредниот период – се додава во соопштението на Народна банка.

Кредитниот пораст на банките од 9,7 отсто е мало забавување во однос на порастот од 9,9 отсто остварен во 2014 година.

– Порастот на нефункционалните кредити видно забави, со што учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, на крајот од 2015 година, падна на 10,8 отсто, од 11,3 отсто колку што изнесуваше на крајот од 2014 година. Профитабилноста на банките во 2015 година се подобри во однос на 2014 година, при што повратот на активата и капиталот изнесуваат 1,1 отсто и 10,4 отсто соодветно. На крајот од 2015 година, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше високи 15,5 отсто што, при солиден пораст на сопствените средства на банките, претставува само мало намалување во споредба со крајот на 2014 година, кога овој показател изнесуваше 15,7 отсто – се додава во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...