fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Од социјалните станови, добробит гледаат ранливите групи граѓани

-

Од проектот за изградба на домови за социјално ранливи групи, добробит гледаат ранливите категории граѓани за кои ВМРО-ДПМНЕ реално се грижи, а кои СДСМ ги користи и злоупотребува, очајно обидувајќи се на нивниот грб да освои некој ситен политички поен, реагираат од владејачката партија на денешното соопштение на СДСМ.

„Граѓаните паметат дека Фросина Ременски во функција на технички назначен министер за труд и социјална политика до последен момент го блокираше доделувањето на социјални станови за вкупно 76 лица. Со заминувањето на Ременски, заминаа и проблемите на овие граѓани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради станови и се бори за решавање на проблемите на граѓаните, СДСМ им создава проблеми и прави сè за да им го отежни животот. Тоа е разликата поради која граѓаните не дозволуваат СДСМ да се доближи до власта девет изборни циклуси по ред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сто пати кажана лага од СДСМ никако не може да стане вистина и додаваат дека тоа е причината поради која СДСМ десет години губи на избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку,...