fbpx

СДСМ: Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените повеќе од 5 милијарди евра

-

Таканаречениот отчет на Никола Груевски и на криминалната банда што 10 години ги краде и ги манипулира граѓаните е врв на лицемерството и на потценувањето на граѓаните на Република Македонија, реагираат од СДСМ на вчерашниот јавен отчет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Парадата на криминалните ликови е нова компилација од лаги, нереални лажни инвестиции и од лажни работни места. Единствен резултат преточен во дела на Никола Груевски се криминалот, стотиците илјади спорни гласачи и фантоми во избирачкиот список преку кои години наназад го крадел слободниот глас на граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ.

Опозициската партија посочува дека вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

„Тогаш Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените повеќе од 5 милијарди евра, пари на граѓаните, надвор од Македонија. За сите криминални зделки и провизии за негово лично богатење и за богатењето на фамилијата. Никола Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред сè млади луѓе, кои поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија. Груевски ќе даде очет поради тоа што на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици, а во сиромаштија живеат повеќе од 500.000 граѓани во земјава. Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија повеќе од 10.000 фирми. Никола Груевски ќе даде отчет пред граѓаните затоа што ја донесе Македонија на 13. место по бедотија во светот. Затоа што Македонија е на врвот во Европа по смртноста на бебињата. Затоа што годишно умираат 1.350 граѓани поради загаден воздух. Секоја украдена пара од граѓаните ќе им биде вратена назад, на граѓаните. Тие што го прекришиле законот, ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...