fbpx
Таг: СДСМ

таг: СДСМ

СДСМ: Поплавите во Пелагонија се поради неисчистените канали на Црна Река

Пратениците и советниците на СДСМ од Битола, од општина Могила и од општина Новаци, изминатите неколку дена се во сите населени места, коишто се загрозени од поплавите предизвикани од излевањето на Црна Река. Главна причина за поплавите во Пелагонија, за поплавеното битолско и прилепско поле, се неисчистените канали на Црна Река, рече на денешната прес-конференција Васко Ковачевски, пратеник и претседател на...

СДСМ поднесе две иницијативи во Град Скопје

Советничката група на СДСМ и на здружената опозиција, на денешната седница на Советот на Град Скопје, покрена две иницијативи. Првата иницијатива е „Универзална сала“ во Скопје да го носи името на Тоше Проески, а втората e за намалување на цената на водата за пиење во Скопје за 30 проценти. - Ликот и делото на Тоше Проески оставија длабоки траги во сеќавањата на сите наши...

Ковачевски: Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна

Нова хаварија има во РЕК Битола! Повторно не работи еден од трите блокови, Блок 1, којшто беше во прекин цели 100 дена. Блокот работеше само една недела, од 11 до 18 јануари, обвини денеска на прес-конференција Васко Ковачевски, пратеник и член на Комисијата за енергетика на СДСМ. - Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна. Поради постојан дефект на некој од блоковите, РЕК...

СДСМ бара водата да поевтини за 30 проценти

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење за 30 проценти. Тоа би значело дека од сегашните 29,39 денари за еден кубен метар вода, кои ги плаќаат граѓаните, отсега би плаќале по 20,57 денари, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Иницијативата ја поднесовме од...

СДСМ ѝ порачува на власта да не се пазари со Уставот

Обидот по секоја цена да се истурка процедурата на амaндманските измени на Уставот во Собранието на Република Македонија ќе биде само уште еден доказ дека финансиските интереси на оваа власт ѝ се поважни од сè друго, вклучувајќи ја и евроатланската перспектива, велат од СДСМ. - Амандманите на Уставот, онака како што се утврдени во Собранието, се проблематични и од аспект на...

СДСМ во Центар ќе бара разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“

Советничката група на СДСМ и на коалицијата, денеска во Советот на Општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“, која, според советничката група на социјалдемократите, била незаконски поставена на функцијата. - До градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор гласале двапати, а дозволено е...

СДСМ предложи мерки против загадувањето

Скопје стана европски шампион според загадување на воздухот, а скопјани добија татковски совет од грижливиот градоначалник да седат дома, да не проветруваат, да не палат оган и да не се возат со моторни возила, изјави на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина на СДСМ. „Тоа што Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваат „мерки за намалување на загадувањето“, не...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од откривањето на нивниот криминал

Обелоденувањето на криминалите во врвот на власта многу ја вознемири ВМРО-ДПМНЕ. Затоа нагазија во медиумите под нивна контрола со конструкции и со манипулации за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, реагираат од опозицијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. - Во име на вистината и на правото на граѓаните да бидат реално и објективно информирани, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, уште еднаш јавно...

СДСМ: Им се суди на граѓаните, кои беа против преименувањето на улиците во Скопје

„Денеска почнува судско рочиште против граѓаните кои беа спречени да присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје, на која мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги преименува улиците во Скопје. Граѓаните беа спречени и покрај тоа што седниците на Советот се јавни“, истакна на прес-конференција Саша Богдановиќ, претседател на Општинската организација на СДСМ во Центар. - Денеска им се суди на граѓаните,...

СДСМ: Ќе го укинеме екстерното тестирање

Со донесените измени на Законот за високо образование и со воведувањето т.н. државен испит, власта на Никола Груевски го загрози уставно загарантираното право на студирање и направи упад во автономијата на универзитетите. Измените се донесени без минимум дебата, без да се земат предвид ставовите на студентите, професорите и на широката општествена јавност, рече на денешната прес-конференција Љубиша Николиќ, пратеник од СДСМ. -...

СДСМ Охрид: Градоначалникот се жали на неефикасност, а вработува партиски војници

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и ВМРО-ДПМНЕ постојано се жалат дека општинската администрација е неефикасна и пренатрупана, а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници, обвинија денеска од СДСМ. За време на новогодишните и божикните празници, течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти...

Тунески: Од 2006 година до денес домашното производство на електрична енергија е намалено за цели 30 проценти

Колабираше дистрибутивната мрежа за електрична енергија од еден снег поради бизнис-интересите на електродистрибутерот, државната компанија МЕПСО, за барок, туризам и за реклами, обвини Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ. - Денеска ќе стане појасно како работи другата државна електро-компанија ЕЛЕМ и зошто од доаѓањето на оваа власт, сметките за електрична енергија се зголемени повеќе од неверојатни 80 проценти: Од...

СДСМ Штип: Патниците мрзнат по македонските возови

Фотографиите објавени во македонските медиуми, со навлезен снег во вагоните на возот на релација Велес – Скопје, беа повод за денешната прес-конференција на СДСМ во Штип. - Возовите во Македонија се вистински хорор за патниците. Греење нема, луѓето мрзнат, бараат ќебиња за да се покријат во вагоните со искршени прозори, во кои влегува снег - изјави пред Железничката станица во Штип,...

СДСМ: Владата итно да ги исплати субвенциите на земјоделците

„Субвенциите не се добра волја на власта на Груевски, туку се обврска на државата кон земјоделците, загарантирана со закон. Затоа Владата го менува законот. Со тоа покажува дека нема намера да им помогне на земјоделците, туку има намера да се заштити од обврски кон нив и да ја пополни празната буџетска каса“, велат од СДСМ. - За нивно добро, ќе им...

Шилегов: Владата на Груевски во четири очи им го дала бизнисот на кираџиите на Јанакиески?!

Официјални документи објавени на страницата на Европската Унија откриваат дека Владата на Груевки ѝ го дала бизнисот на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која е кираџија во куќата на минитерот Миле Јанакиески, во дректна спогодба, популарно наречена во четири очи, обвинува Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Како штто стои во документите, на тендерот се јавиле дури четири заинтересирани фирми, но вицепремиерот...

СДСМ: Ставрески го дал милионскиот бизнис на фирмата во куќата на Јанакиески

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера не само што го призна скандалот со странската фирма во неговата куќа, добитник на милионски бизнис од Владата, туку и го прошири скандалот во размери што ја тресат пошироко Владата на Никола Груевски, соопшти денеска на прес-конеференција Петре Шилегов од СДСМ. - Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и...

Шилегов: Седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“ е во куќата на Јанакиески

Седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која го доби тендерот за изградба на канализациска мрежа во Прилеп, е во куќата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, соопшти денеска Петре Шилегов од СДСМ, притоа обелоденувајќи документи за компанијата. - Тоа е токму таа фирма што е избрана да ја гради канализациската мрежа во Прилеп, во рамки на милионскиот проект...

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со недостиг на струја е надлежност на приватна компанија

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ и вели дека СДСМ одговорниот за прекините во снабдувањето со електрична енергија на делови од Западна Македонија, предизвикани од неодамнешното невреме, треба да ги бара на друго месо, а не кај АД МЕПСО. „Проблемот со недостиг на струја за кој говореше Тунески е работа во надлежност на приватна компанија, а суштината за недостигот на струја...

Тунески: Бараме оставка од раководниот тим на МЕПСО!

Најмалку што може да направи раководството на МЕПСО, по скандалот во којшто околу 200.000 луѓе во земјава останаа без струја или без електрични апарати поради „има - нема струја“ и променлив напон, е да си поднесе колективна оставка!, реагираше денеска на прес-конференција Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ. - Молчењето нема да го спаси раководниот тим на МЕПСО...

СДСМ: „Курир“ потврди дека лаже

„Провладиниот портал „Курир“ денеска потврди дека неколку дена по ред тенденциозно ја лаже јавноста. Со последниот текст „Курир“ потврди дека терминот „бомбона-бизнис“ со којшто манипулираат не се однесува, како што тврдеа, на ЕСМ, туку се однесува на продажбата во четири очи, со директна спогодба и специјални привилегии на рафинерија ОКТА на грчка фирма од страна на Георгиевски и на Груевски“,...