fbpx

Ковачевски: Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна

-

Нова хаварија има во РЕК Битола! Повторно не работи еден од трите блокови, Блок 1, којшто беше во прекин цели 100 дена. Блокот работеше само една недела, од 11 до 18 јануари, обвини денеска на прес-конференција Васко Ковачевски, пратеник и член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

– Ситуацијата со рударско-енергетскиот комбинат е крајно алармантна. Поради постојан дефект на некој од блоковите, РЕК Битола, столбот на енергетскиот систем во Македонија, не може да работи со полн капацитет. Поради ова штети трпи државата, која е принудена да увезува скапа струја, nо, и граѓаните врз чиј грб паѓаат постојаните поправки на блоковите, иако стотици милиони евра народни пари отидоа во нивна реконструкција! Овојпат, Блок 1 има проблеми со турбината. Според информациите што ги имаме, за само за петнаесетина минути истекле повеќе од 30 тони турбинско масло, што завршло во кулата за ладење.  СДСМ бара одговорните во ЕЛЕМ и во РЕК Битола, веднаш да поднесат оставки од раководните позиции и да бидат искрени кон граѓаните, каде лежи вистинскиот проблем со дефектите во РЕК – рече Ковачевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...