ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со недостиг на струја е надлежност на приватна компанија

-

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ и вели дека СДСМ одговорниот за прекините во снабдувањето со електрична енергија на делови од Западна Македонија, предизвикани од неодамнешното невреме, треба да ги бара на друго месо, а не кај АД МЕПСО.

„Проблемот со недостиг на струја за кој говореше Тунески е работа во надлежност на приватна компанија, а суштината за недостигот на струја Тунески најдобро ја знае. Ако евентуално има недоумици, сигурни сме дека неговиот заменик-претседател, Радмила Шекеринска, во детали ќе му објасни за нејзиниот „бонбона-бизнис“. Ако Тунески има барем грам достоинство и политички кредибилитет, треба да застане пред Шекеринска и да ги повтори неговите ставови кои ги имаше за продажбата на ЕВН во 2006 година. Да потсетиме, доколку заборавил, тогаш Тунески ѝ рече на актуелната заменик-претседателка на СДСМ дека ЕСМ не треба да се продава и дека приватна компанија нема интерес да се ангажира за ситни прекини во завеани села“, стои во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттму тврдат дека целата јавност имаше можност да ги следи стручните познавања на Тунески во енергетскиот сектор кога тој имаше можност да раководи со енергетскиот систем.

„За среќа, навремено беше сменет, во спротивно ќе се запише како првиот во историјата на државата кому му паднал енергетскиот систем. Атанаско Тунески е познат по тоа што беше член на ВМРО-ДПМНЕ, беше промовиран за член на ЛДП, а сега на СДСМ. Смената на партиите одеше правопропорционално со смената на политичките ставови што говори за неговиот низок степен на кредибилитет“, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...