fbpx

Пратениците сè уште ги читаат законите за образование

-

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт сè уште ги читаат измените на законите за образование. По две паузи, на денешната комисија, пратениците успеаја да ги разгледаат само измените на законите за основно и за средно образование, менувањето на статутот на Универзитетот „Климент Охридски“ и запнаа кај предлог-законот за наставници во основните и во средните училишта.

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, побара во Комисијата за верификација на програмите на педагошките факултети да има правична застапеност,односно во нив да има вработено и Албанци.
– Вршите македонизација на образованието и не го почитувате начелото на правична застапеност – рече Беким Фазлиу.

Министерот за образованние, Абдилаќим Адеми, на тоа кажа дека вработените во комисијата ќе треба да исполнуваат критериуми, без оглед на тоа дали се Албанци или Македонци.

Точката за измените во Законот за високо образование е последна на дневен ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...