fbpx
Таг: СДСМ

таг: СДСМ

СДСМ: Манипулациите преку „Јутјуб“ се кукавички обид за спас на власта

За СДСМ, објавените снимки од разговор меѓу Љубе Бошкоски и уште едно лице со заматен лик, на видеосервисот „Јутјуб“, се „кукавичко барање спас“ на власта на премиерот Никола Груевски и „барање алтернативни механизми за одбрана“ по објавувањето на аудиоматеријалите од опозицискиот лидер, Зоран Заев, реагира денеска преку соопштение најголемата опозициска партија. „Медиумските одработувачи повеќе не му се од корист на Груевски. Затоа...

СДСМ: Дали Владата го обнови членството во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески денеска ја обвини владата на Никола Груевски дека покажала целосна негрижа за населението од регионите во државата кои неодмна беа погодени од поплавите, каде што ситуацијата е далеку од нормализирана. Тој посочи дека владата со барањето за пренамена на ИПА фондовите за заштита од поплавите покажала елементарно непознавање на инструментите...

Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Социјалната мрежа „Твитер“ денеска експлодира од емоционални статуси. Пред почетокот на прес-конефернцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која се објави третата „бомба“, македонската твитер-заедница почна шеговито да нагаѓа што денеска ќе биде топ-темата. Кладилнициве треба да пуштат типување шо ќе има во следната #бомба - Горде и Ставре, коеф: 1.20 - Грујо, коеф: 5.50 - Латас, коеф: 2:35 —...

СДСМ бара пренамена на средства од градскиот буџет за поплавените

Советничката група на СДСМ и коалицијата бара ребаланс на буџетот на Град Скопје, со кој ќе се овозможи 6.960.000 евра да се пренаменат за санирање на штетите на граѓаните од поплавите во Македонија и за превенција од идни поплави. - Освен за санирање на штетите, парите предлагаме да се искористат и за: изградба на брана на реката Отиња, со што...

СДСМ поднесе нови докази за аферата со прислушувањето

Нови докази за кривичната пријава за прислушување денеска поднела СДСМ, информираат оттаму. - Денеска до Јавното обвинителство поднесовме дополнителни докази за кривичната пријава против Сашо Мијалков, Горан Груевски и НН лица за прислушување - изјави Филип Медарски, адвокатот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев докажува дека е инструмент на странски разузнавачки служби

Лидерот на СДСМ продолжува да одработува за странски центри, објавувајќи креирани материјали со кои се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе дојде на власт, оцени владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во писмена реакција објавена по денешната прес-конференција на Зоран Заев. „Се разбира, потоа тој е свесен, а очигледно и подготвен, да ги исполни очекувањата на неговите шефови...

Заев објави снимки за местење судии и пресуди и за партиски пазарења

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција ја обелодени втората „бомба“, во која преку снимени телефонски разговори посочува дека нема владеење на правото и оти судската и извршната власт воопшто не се одделени. Од разговорите може да се чуе местење судски процеси, назначување судии и  поништување судски пресуди. Во првата од петте снимки, кои денеска ги презентираше лидерот на опозицијата,...

СДСМ: Владата да ги повлече законите за хонорарци

Власта на Никола Груевски да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите за задоволување на дневно-политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните, побара денеска опозициската партија СДСМ. - Колку e неискрена власта на Груевски со граѓаните, говори фактот што направија измени на измените на пакетот закони за хонорарци уште пред да...

СДСМ: Македонија е во подредена улога во односите со соседите

Комисијата за надворешни работи на СДСМ е огорчена од несериозното и непрофесионално однесување на Министерството за надворешни работи, кога се работи за настани за кои граѓаните и медиумите на Република Македонија добиваат информации од странски функционери и медиуми, а се од суверен интерес за нашата држава. „Во врска со преговорите за билатералниот договор за пријателство со Бугарија, информации доаѓаат само...

Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон. „На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјава. Посебен акцент бил ставен на нарушената демократија и на загрозената слобода на граѓаните, како последица на противуставното прислушување на повеќе од 20.000 граѓани од службите под контрола на Никола Груевски и...

СДСМ: Груевски прави параминистерства во својот кабинет

По скандалот со прислушуваните повеќе од 20.000 граѓани од Груевски и Мијалков, меѓу кои се и нивни најблиски соработници, но и коалицискиот партнер, Али Ахмети, во последните два-три дена се случуваат масовни полнења на Секретаријатот за рамковен договор во Владата, на Кабинетот на премиерот Груевски, на Јавното обвинителство во Република Македонија, рече на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршен одбор...

Заев и Шекеринска се сретнаа со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска попладнево се сретнале со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел, и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер. Како што наведуваат во соопштението од СДСМ, тема на средбата бил предизвикот пред кој се исправени граѓаните на Македонија за заштита и за остварување на...

СДСМ обвинува за партиски вработувања во јавната администрација во Охрид

Општинската организација на СДСМ од Охрид, преку соопштение, го повика градоначалникот Никола Бакрачески да објасни зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и во јавните претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции? Од СДСМ прашуваат дали станува збор за неефикасност на службите или за манипулација со своето членство, на...

Бомбата на Заев експлодира низ хуморот на „Твитер“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги запали социјалните мрежи обелоденувајќи само мал дел од долго најавуваната „бомба“. Новинарите, и твитерџиите, за време на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата (првпат во Македонија) вршеа директен пренос со твитови, кои послужија како инспирација за шегување со целата ситуација. Еве некои од поинтересните: Зезнат е #ЗЗ за прислушкување со струмичкиов #Бомба — Dr.Agan (@DSekulovski) February 9, 2015 И...

Заев објави прислушувани разговори на политичари, новинари, бизнисмени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конфереција обелодени дека располага со материјали за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани. Тој, на новинарите, им ги презентираше снимките, а беа објавени разговори со новинари, како и помеѓу министри во Владата на Република Македонија. - Следен сум и прислушуван во континуитет во 300 мои разговори со сопартијци, новинари и со членови на моето...

Шилегов: Груевски е во паника

„Почна капитулацијата на власта за погрешните политики на Никола Груевски и на неколкумина околу него, со кои го урниса државниот систем. Секој ден самата власт се враќа по чекор назад за сопствените потези што грчевито ги туркаше, газејќи и Устав и закон и став на општествената јавност“, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Денеска власта прави уште еден...

Централниот одбор на СДСМ му даде зелено светло на Заев да ги објави „бомбите“

СДСМ преку акцијата „Вистината за Македонија“ од понеделник ќе почне со објавување на материјалите за криминалното однесување на Владата. Членовите на ЦО на СДСМ, го овластија раководството на партијата да почне да ги објавува доказите. „Во едногласно усвоените заклучоци се констатира дека вистината за состојбите во Република Македонија мора да излезе на виделина и согласно Уставот и законите никој нема право...

Шекеринска: Меѓународната заедница станува сè погласна во осудата на власта

„Меѓународната заедница станува сè погласна во осудата на власта, која со притисок, закани и со монтирани случаи сака да се спаси од објавувањето докази за нејзиното криминално владеење. Потврда за тоа е и Декларацијата на претседателството на Партијата на европски социјалисти, која беше усвоена вчера во Брисел. Европските социјалисти, во еден глас, на највисоко ниво, ја повикаа Владата на Никола...

СДСМ Охрид: Овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети

Општинската организација на СДСМ од Охрид обвини дека овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети, односно за судбината и за имотите на голем број граѓани. - Со овој скандал само се потврди незаконското работење во општинската администрација, самоволието на ВМРО-ДПМНЕ при вработувањата партиски кадри и нивниот крајно несериозен однос кон граѓаните на Општина Охрид - велат од партијата. Речиси две години, заклучно...

СДСМ: Снимката е доказ за тоа кој во Македонија снима и следи комуникации

Скандалозна е видеоснимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината телевизија „Сител“ . Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации, велат од СДСМ. - Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија. Прикажаниот видеоматеријал...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...