fbpx

СДСМ обвинува за партиски вработувања во јавната администрација во Охрид

-

Општинската организација на СДСМ од Охрид, преку соопштение, го повика градоначалникот Никола Бакрачески да објасни зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и во јавните претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?

Од СДСМ прашуваат дали станува збор за неефикасност на службите или за манипулација со своето членство, на кое преку привремените вработувања му се фрлаат трошки за да ги намали притисоците поради нереализирани ветувања?

Социјалдемократите обвинуваат дека само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно ги полнат со партиски кадри јавните претпријатија, како што е случајот со ЈП „Охридски комуналец“, за каде е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.

– Укажуваме дека која и да е од овие две алтернативи, е на штета на граѓаните на Охрид и повикуваме на одговорно однесување од страна на Бакрачески, кој ја презадолжува Општината – се вели во писменото соопштение од центарот за комуникации на СДСМ од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...