Москва нема да му го испорача Јанукович на Киев

-

Москва нема да му го испорача на Киев поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, соопшти рускиот државен обвинител, Јуриј Чајка.

– Ние задолжително ќе им одговориме на барањето на нашите колеги од украинското обвинителство. Нашиот одговор ќе биде негативен затоа што во кривичното гонење гледаме политички мотиви – рече Чајка.

Тој додаде дека во согласност со руското законодавство и меѓународно-правните документи, Русија не може да испорача лица што кривично се гонат врз основа на политички мотиви.

Државниот обвинител на Украина побара од Чајка да го испорача Јанукович, кој побегна од Украина пред една година. Интерпол распиша потерница за Јанукович на 12 јануари. Тој се товари за кражба на државен имот и за злоупотреба на овластувањата.

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и...