fbpx

Шекеринска: Меѓународната заедница станува сè погласна во осудата на власта

-

„Меѓународната заедница станува сè погласна во осудата на власта, која со притисок, закани и со монтирани случаи сака да се спаси од објавувањето докази за нејзиното криминално владеење. Потврда за тоа е и Декларацијата на претседателството на Партијата на европски социјалисти, која беше усвоена вчера во Брисел. Европските социјалисти, во еден глас, на највисоко ниво, ја повикаа Владата на Никола Груевски да ги почитува основните демократски вредности“, рече на денешната прес-конференција Радмила Шекеринска, потпретседателка на СДСМ.

– Претседателството на ПЕС ги повтори веќе изразените критики кон власта за „селективна правда и зголемена партизација“ и заклучува дека обвинувањата од страна на Никола Груевски се показател токму на она што е напишано во извештаите на ЕУ. „Услови кои наликуваат на авторитаризам“ и „поткопана демократија“ се формулации со кои европските социјалисти бараат императив да биде владеењето на правото и независноста на судството во Македонија. За да ја покаже својата поддршка за СДСМ, но и за враќање на демократијата и на транспарентноста, ПЕС одлучи да подготви и испрати делегација во Република Македонија за целосно да ги согледа состојбите во државата и предизвикот со кој е соочена македонската демократија. Евидентна е зголемената загриженост на меѓународните и на европските сојузници за настаните што се случуваат во Македонија. Сè поголем број од нив гласно зборуваат за потребата од одбрана на демократските вредности во Македонија. Сè е јасно. Никола Груевски прави пуч врз Република Македонија, чекор по чекор окупирајќи ги сите институции и газејќи ги своите граѓани. Доаѓа денот кога за тоа ќе ја понесе одговорноста – рече Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...