Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конфереција обелодени дека располага со материјали за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани.

Тој, на новинарите, им ги презентираше снимките, а беа објавени разговори со новинари, како и помеѓу министри во Владата на Република Македонија.

– Следен сум и прислушуван во континуитет во 300 мои разговори со сопартијци, новинари и со членови на моето семејство –  изјави Зоран Заев.

Тој, исто така, побара амнестија за сите лица што биле вклучени во прислушувањето, а кои ги доставиле материјалите за да се разоткрие оваа незаконска операција.