fbpx

Шилегов: Груевски е во паника

-

„Почна капитулацијата на власта за погрешните политики на Никола Груевски и на неколкумина околу него, со кои го урниса државниот систем. Секој ден самата власт се враќа по чекор назад за сопствените потези што грчевито ги туркаше, газејќи и Устав и закон и став на општествената јавност“, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Денеска власта прави уште еден чекор назад за само неколку дена. Истата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ што гласаше за измените на законот со кој се воведуваат вртоглави придонеси за хонорарците, денеска ја спушта топката со повлекување на овие решенија. Пред само неколку дена, Груевски ги замрзна казните за наставниците во т.н. проект екстерно тестирање. Потоа, лично Груевски најави и одложување на државниот испит и на измените на Законот за високо образование, што на сила ги истурка во парламентот. Друго прашање е со кое право Никола Груевски, кој не е законодавна власт, сам одлучи за одложување на примена на закон, иако Собранието е тоа што носи закони. Денешното ново признание за направените грешки говори две работи: дека Груевски е во паника и дека концептот на контрола и на политики на Груевски и на неговите неколкумина соработници се распаѓа – изјави Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...