fbpx

Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

„На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјава. Посебен акцент бил ставен на нарушената демократија и на загрозената слобода на граѓаните, како последица на противуставното прислушување на повеќе од 20.000 граѓани од службите под контрола на Никола Груевски и на неколку поединци околу него. Претседателот Заев посочи дека објавувањето на доказите има цел да го разобличи начинот на кој оваа власт ги контролира институциите, медиумите, изборниот процес и слободната волја на граѓаните. Обврска на СДСМ е да ја врати изгубената доверба на граѓаните во институциите на системот и да обезбеди услови за враќање на слободата и на демократијата во Република Македонија, заклучи претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, стои во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.