fbpx

Централниот одбор на СДСМ му даде зелено светло на Заев да ги објави „бомбите“

-

СДСМ преку акцијата „Вистината за Македонија“ од понеделник ќе почне со објавување на материјалите за криминалното однесување на Владата.

Членовите на ЦО на СДСМ, го овластија раководството на партијата да почне да ги објавува доказите.

„Во едногласно усвоените заклучоци се констатира дека вистината за состојбите во Република Македонија мора да излезе на виделина и согласно Уставот и законите никој нема право да го спречи објавувањето документи, што докажуваат криминал и злоупотреба од страна на највисоките ешалони власта. Целта на овие документи не е само да се констатираат постоечките состојби и да се објави вистината, туку и да се иницира процес на враќање на слободата и демократијата и возобновување на правната држава. Како што учествуваше во поставувањето на темелите на државата и во сите чувствутелни моменти за земјата, СДСМ е подготвена и денес да ја одигра клучната улога за Македонија, констатираше Централниот одбор. За таа цел Социјалдемократскиот сојуз почува проект Вистината за Македонија. Централниот одбор на СДСМ ги повикува сите граѓани да ги подржат напорите за враќање на Република Македонија на демократските патеки“ се вели во соопштението од СДСМ.

ЦО на СДСМ вечерва донесе и неколку други одлуки.

По истекот на мандатот на Рената Дескоска Треневска како претседавач со ЦО, едногласно е именуван нов претседавач, членот на Централниот одбор, Диме Велковски. Рената Дескоска Треневска останува членка на ЦО.

Исто така, Централниот одбор на СДСМ едногласно одлучи, Едмонд Адеми да биде член на Извршниот одбор и на Централниот одбор на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...