fbpx

Заев и Шекеринска се сретнаа со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска попладнево се сретнале со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел, и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

Како што наведуваат во соопштението од СДСМ, тема на средбата бил предизвикот пред кој се исправени граѓаните на Македонија за заштита и за остварување на нивните основни човекови права, слободата и правдата, како и актуелните состојби во Република Македонија.

Претседателот Заев посочил дека објавените снимки што потврдуваат дека Груевски и Мијалков ги прислушуваат граѓаните во Македонија се само дел од доказите за незаконското и криминалното функционирање на актуелната власт.
– Затоа СДСМ и коалициските партнери го почнаа проектот „Вистината за Македонија“, чијашто цел е враќање на слободата на граѓаните и нормализирање на Македонија преку обновување на напуштените демократски вредности – рекол претседателот Заев.

Заев и Шекеринска го поздравиле децидниот став на Сојузна Република Германија, со којшто таа побара од властите во Македонија функционирање според меѓународните стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...