fbpx

СДСМ: Груевски прави параминистерства во својот кабинет

-

По скандалот со прислушуваните повеќе од 20.000 граѓани од Груевски и Мијалков, меѓу кои се и нивни најблиски соработници, но и коалицискиот партнер, Али Ахмети, во последните два-три дена се случуваат масовни полнења на Секретаријатот за рамковен договор во Владата, на Кабинетот на премиерот Груевски, на Јавното обвинителство во Република Македонија, рече на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.

-Вчера, 12 февруари, отворен е оглас за нови 154 вработувања во владиниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор! Бројката на лица влезени во овој Секретаријат во последните неколку години, без новиот конкурс е 3.334 луѓе, за кои плаќаме повеќе од 39 милиони евра годишно. Она што се издвојува во бројните огласи, освен ширењето на Секретаријатот за рамковен договор, е и новото проширување на Кабинетот на Никола Груевски. Вчера, 12 февруари, распишан е оглас за нови 37 државни службеници во неговата канцеларија. Ова отвора оправдан сомнеж дека Груевски прави параминистерства во својот кабинет, по евидентната недоверба во неговите најблиски соработници, што го покажа нивното прислушување. Ова се случува само два дена до утрешното стапување на сила на новите закони за администрација со ригорозни мерки и критериуми за овој тип вработувања, изгласани токму од оваа власт, којашто периодов најдиректно ги изигрува – истакна Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...